ПАТРОНАЖНИТЕ СЕСТРИ ДОБРЕДОЈДЕНИ ВО СЕМЕЈСТВАТА СО НОВОРОДЕНЧИЊА

Совети како да се пружи нега на новороденчето,како да се спроведе екслузивно доење и едноставно за кое било отворено прашање кое го имаат прворотките за нивните новороденчиња можат да добијат од патронажните сестри кои се први гости во семејствата каде што има новороденчиња.Вратите широко се отвараат за овие сестри,чија што помош е добредојдена за родилките.Патронажните сестри од поливалентната патронажна служба од Здравствен дом Куманово дневно посетуваат од 60 до 80 жени,мајки,трудници,жени кои планираат проширување на семејство.Според податоците на оваа служба,една патронажна сестра дневно посетува по шест жени во реонот на општините Куманово,Липково и Старо Нагоричане.Најчесто, од две до три жени се прворотки.

20170511_110822Посетите,главно се пријатни,во насока на едукација на мајката.Први совети кои и ги даваме на мајката се околу начин на исхрана на новороденото,односно совети како да се практикува екслузивно доење до шест месеци,без какви било додатоци,но и кога да се даде вода, чај,адаптирани млеко“-изјави ,главната сестра во оваа служба,Љиљана Ивановска.Патронажните сестри ги едуцираат мајките како да одржат лактација,како да ги негуваат дојките,се демонстрира техника на измолзување,со цел да се спречи појава на мастит или други компликации.Битно е да се практикуваат советите за да се одбегне можност новороденчето да се одбие предвреме од доење.

Објаснува дека родилките се интересираат за повеќе теми поврзани со доењето,негата на новороденчето.Вели,дека во нејзиното долгогодишно работно искуство,досега немала проблеми со мајки од ромската етничка заедница,напротив секогаш биле добро пречекани во семејствата.Советите се делат на сите,вели таа,а останува на мајката дали ќе ги применува.

Од почетокот на годинава,патронажната служба посетила приближно 30 мајки со новороденчиња од ромската етничка заедница, додека во 2016-тата биле посетени 87 новороденчиња.

Патронажните сестри ги едуцираат мајките како да го негуваат бебето,папокот на новороденчето кој треба да се третира со 70 процентен алкохол.

Во одредени семејства од ромската етничка заедница,иако поголем процент на родилките ги слушаат советите на патронажните сестри, дел поради влијанието на традицијата и на повозрасните членови од семејството,наместо со алкохол,папкот го третираат со кафе во прав.Патронажните сестри ги советуваат и мајките како да ја одржат негата на кожата на бебето,на усната празнина,очите,ушите,капењето на новороденото,употреба на пелени,за температура на водата,на околината каде што живее бебето.Ивановска,вели дека сите мајки се трудат да ги следат советите, дури и оние кои доаѓаат од семејства од социјален ризик.Не се потребни скапи препарати за нега на детската кожа, доволен е беби сапун и топла вода и павловиќева маст или јекодерм,вели Ивановска.И оние кои се најсиромашни ги купуваат овие продукти.

Економскиот фактор има влијание врз развојот на детето,но не е клучен да се подигне едно здраво новороденче и да израсне во здраво дете.За тоалета рековме што е потребно,бебешката кожа е многу чуствителна,подложна е на иритации и алергии,затоа е потребен само беби сапун и топла вода,ништо скапо“-вели Ивановска.

Сепак, некои родилки при бањата на бебето,користат и жолчка од јајце,по сугестија на свекрвите и мајките,сметајќи дека на овој начин, кожата ќе биде мазна.Во последно време исчезнуваат ваквите практики,бидејќи добар дел од родилките се едуцирани,а и меѓусебе комуницираат за начинот на нега на бебињата.

Првите посети се најефективни,особено кога се работи за прво дете.Мајките сакаат поддршка,да комуницираат со стручните,да слушнат совети кој што се добредојдени за нивното дете,во полза на здравјето на бебето“-изјави Ивановска.

За секое првородено дете се доделува одреден паричен износ или во минатото,пакети со облека,хигиена и средства за нега на новороденото.Добар дел хумани граѓани,но и невладини организации ги поддржуваат семејствата со новороденчиња од социјален ризик.Патронажните сестри биле сведоци како за кусо време се опремува соба,специјално наменета за новороденче,од средства обезбедни од добронамерни граѓани за семејство со мали деца и новороденче.Често им се донира и средства за исхрана, за нега на новороденчињата.

Добра е таа поддршка од невладините организации,секаква поддршка за семејства со новороденчиња е добредојдена,се во интерес на правилен раст на бебето“-изјави Ивановска.

И мајките кои раѓаат,второ,трето дете ги добиваат истите совети,бидејќи,иако се искусни,вели Ивановска,мора да ги следат советите на патронажните сестри,бидејќи секое дете е индивидуа сама по себе и има свои специфични потреби.

Според податоците на оваа служба најмлада мајка која ја посетиле патронажните сестри имала 13 години и била од ромска етничка припадност,додека највозрасна прворотка била на возраст од 43 години од македонска етничка припадност кои со години имале проблеми со забременување.