Повик за ангажирање на тренери

Screen Shot 2017-05-22 at 4.27.14 PM

 

за ангажирање на тренери за работилница на тема „Лидерство и човекови права“

Општи услови

Здружение „Национален Ромски Центар“ со седиште на,

ул. Доне Божинов“ бр.11/5, Куманово објавува повик за прибирање на тренери за лидерство и човекови правa, на кој ги повикуваме сите квалификувани субјекти да поднесат понуди .

Национален Ромски Центар од јануари 2017 го спроведува проектот „Унапредување на достапноста до здравствена заштита- на жените Ромки“- продолжение, под мотото „Моето здравје е мое право“, за кој што го објавуваме овој повик за тренери .

 

Општи информации за проектот

Цел на проектот е да се зајакнат жените Ромки и девојки преку дискусии за чувствителни теми (табу теми како што е сексуалното и репродуктивното здравје), права и пристап до превентивна и куративна здравствена заштита.

Но, истовремено да ги повикаме на отчетност и одговорност релевантните институции и креатори на политики кои се однесуваат на жените Ромки.

Целна група на проектот се девојки и жени Ромки од 15-49 години кои живеат во Куманово и во Кочани.

Опис и цел на тренинзите

Треба да се реализират четири еднодневни тренинзи во Куманово и Кочани, на кој ќе учествуваат девојки и жени Ромки од 18-30 години. Максимален број на учесници на тренинзите ќе биде 15 на секој тренинг поединечно.

Тренингот ќе се реализира на македонски јазик, со можност за превод на Ромски.

Цел на тренинзите:

Да се мотивираат и изградат вештини кај девојките и жените Ромки да станат идни лидери во Ромската заедница, кои ќе се залагаат да се подобри пристапот до здравствени услуги во ромските заедници во Р.Македонија.

Оваа активност ќе има за цел да мотивираме и да идентификуваме нови генерации кои ќе сакаат да работат во Ромската заедница и со Ромската заедница, во насока на подобрување на пристапот до здравствена заштита на Ромите во Р.Македонија. Посебно внимание на тренинзите ќе се обрне на важноста на пристапот до здравствени права и здравствена заштита, во репродуктивен период и подигнување на свеста за важноста на превенирање на непосакувани здравствени проблеми.

 

Опис на понудувачите

Понудувач може да биде секое физичко лице кое ги исполнува следните услови:

  • Да има завршено ВСС,
  • Да има вештини за реализирање на тренинг од областа на човекови права со посебен акцент на постоечките закони, механизми и документи за Ромите во Р.Македонија,
  • Да има вештини за реализирање на тренинг за градење лидерски капацитети,
  • Да има вештини и знаења на тема: „Родова еднаквост“,
  • Да има вештини за јавно здравје на тема: „Сексуално и репродуктивно здравје“.

 

2.Пријава

Понудувачот задолжително треба да достави:

  • Кратка биографија
  • Програм и методологија за реализирање на тренингот
  • Писмо за интерес во кое ќе го наведе своето искуство од областа на чоековите права

Единствен критериум за избор на најповолен понудувач е квалитетот и личното искуство на понудувачот согласно бараните критериуми.

Пријавите треба да се достават најдоцна до 05.06.2017 година , по електронска пошта (e-mail): zdravstvenaprogramananrc@gmail.com или на следната адреса

ул: Доне Божинов 11/5, 1300 Куманово.

Координатор на здравствена програма

Себихана Скендеровска

Тел за контакт: 075280 525

www.ednomagazine.com

www.nationalromacentrum.org