Здравствените политики треба да се посветат на разликите во ранливост

rezultati

Претставникот од Македонија, д-р Бранкица Младеновиќ учествуваше на шестата европска конференција за здравјето на мигрантите и етничките малцинства, која се одржа во јуни во Осло. Таа таму се претстави со извадок насловен „Бариери при пристапување до антенатални услуги за ранливите групи жени, вклучувајќи и Ромки“ во кој всушност се претставени главните наоди од истражување кое беше спроведено во 2014 година со поддршка на Националниот Ромски Центар од Куманово и Фондацијата Отворено Општество.

Националната просечна вредност на доенечка смртност (9,9 на 1000 живородени во 2014) ги маскира разликите во индикаторот. Напредокот не е ист кај сите групи на жени и во 2014 година доенечката смртност продолжи да биде висока меѓу децата кои ги родиле жени со ниско ниво на образование (12,4 на 1000 живородени) и меѓу Ромките (14,2 на 1000 живородени). Главната цел на истражувањето беше да се истражат можните бариери до антенатални услуги кај социјално ранливите жени, вклучувајќи и Ромки.

Податоците беа собрани со студија. Во периодот април – јуни 2015 година, деведесет и една жена од четири градови со најголеми ромски заедници беа избрани намерно според критериумот на социјална ранливост (ниво на образование, работен статус, ниво на семејни примања, корисници на социјална помош, осигурување, ромско потекло) да учествуваат во интервјуа лице во лице со користење на структурен инструмент за истражување.

Дваесет и три проценти од учесничките посетиле гинеколог во текот на бременост помалку од 3 пати што е помалку од препорачаниот број на 8 посети и националниот просек од 7,2 посети; 82,4% од жените посетиле гинеколог во текот на првото тримесечје од бременост (националниот просек е 32%). Сите учеснички изјавиле дека им било наплатено за услугите од 2 до 15 евра иако истите треба да се бесплатни. Најчестата наведена причина за нередовните антенатални посети е недостигот на финансии за трошоците за услугата и транспортни трошоци (23,1%), немање на здравствено осигурување (5,5%), а 2,1% не посетиле гинеколог бидејќи тие „немале никаков проблем“. Во врска со испитувањата предложени во националното упатство за антенатална грижа, притисокот не бил измерен на 9,9% од жените, на 27,7% никогаш не им била измерена телесната тежина, на 17,7% не им бил даден упат за анализа на урината и на 8,8% за микробиолошки брис. Четириесет и шест проценти од жените „во целост не ги разбрале“ информациите кои им биле дадени во текот на посетите.

Финасиските бариери доминираат и влијаат на пристапот, употребата и квалитетот на антенаталните услуги. Врз основа на резултатите од истражувањето, епидемиолошките податоци, активности за застапување и сугестии од експертите, Министерството за здравство претстави промени во политиките за да се елиминираат финансиските бариери преку отстранување на трошоците за сите антенатални услуги и услуги при раѓање без оглед на осигурителниот статус на бремена жена. Ова е заклучокот од анализата. А, пораката која што произлезе од неа е дека здравствените политики треба да се посветат на разликите во ранливост. Понатамошно намалување на јазот на правичност преку пристапот на социјални детерминанти и менување на разбирањето за напредок се потребни.

66 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published.