Панел дебата – Да инвестираме во тинејџерките

????????????????????????????????????
????????????????????????????????????

Панел дебатата на тема “Да инвестираме во тинејџерките” се одржа на осми јули во Скопје и беше дел од активностите на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) кои се поврзани со одбележувањето на Светскиот ден на населението (11 Јули). 

Постојаниот координатор на Обединетите нации во земјава, г-а Луиза Винтон во своето обраќање потенцираше дека предизвиците со кои се соочуваат тинејџерките не се однесуваат исклучиво на земјите во развој, и дека истите се забележуваат и кај нас.

„Нашиот фокус на тинејџерките е дел од пошироката заложба на ООН „да не се заборави никој“. И, додека за момчињата адолесцентниот период вообичаено претставува време на нови можности, за тинејџерките често е време во кое наидуваат на „затворени врати“, дали се работи за малолетнички бракови или несакана тинејџерска бременост или сексуално злоставување. Оваа земја продолжува да се бори со овие прашања, и токму поради ова сите ние треба да се заложиме да обезбедиме дека тинејџерките ќе имаат средства да ги реализираат своите права и да направат соодветен и вистинкси избор за сопствениот живот. “

Во своето обраќање Државниот советник во Министерството за здравство, г-а Сања Саздовска ја истакна добрата соработката на Владата и агенциите на Обединетите нации во земјава во однос на заштита на репродуктивното здравјена тинејџерките;

„Ние како Министерство за здравство преземаме постојано иницијативи да се зголеми информираниоста на младите за употреба на заштита од СПИ,  навремено одење на прегледи на лекар, избор на матичен гинеколог, користењето на услугата Ало докторе и други мерки кои значајни за младите а воедно се донесуваат за нивното здравје. Сакам да истакнам дека погоре наведеното не се само декларативни заложба туку сето тоа резултира со започнат процес на Експертската работна група од областа на сексуалното и репродуктивното здравје од земјава, во партнерство со УНФПА, за проценка, ситуациона анализа и ревизија на постоечката „Стратегија за сексуално и репродуктивно здравје (2010-2020)“.

Успешниот резултат на новата развојна агенда на ООН директно зависи од тоа колку добро ќе ги поддржиме и инвестираме во тинејџерките е пораката на УНФПА.

Извршниот директор на УНФПА Др. Осотимехин Бабатинде во својата изјава по повод Светскиот ден на населението со осврт токму на релацијата на новата развојна агенда и тинејџерките;

„Новата развоја агенда не повикува никој да не оставиме зад нас и да биде заборавен. За да допреме до оние кои се најодалечени, лидерите и заедниците мора да се фокусираат и за застанат во поддршка за човековите права за маргинилизираните тинејџерки, особено на тие кои живеат во сиромаштија, не одат на училиште, се експлоатирани и се подложени на штетни традиционални практики, вклучувајќи ги и детските бракови.  Маргинализираните девојки се ранливи во однос на слабо репродуктивно здравје и се наоѓаат во поголема опасност да станат мајки  додека сеуште и самите тие се деца. Тие имаат право да го разбираат како и да го котролираат своето тело самите, како и да го обликуваат самите својот живот“.
Себихана Скендеровска од Националниот ромски центар, во своето обраќање потенцираше  дека малолетничките бракови не се традиција на ромските семјства и дека тие се штетни и постојат на нивото на целата територија на земјава, според нејзе;

“Инвестирањето во адолсецентентите значи инвестирање во човечки ресурси и капацитети кои ќе бидат способни да водат здраво и зрело општество како и просперитет за сите идни генерации во секој сегмент од општественото живеење”.

Кога една тинејџерка има моќ, можности и информации да донесува самата одлуки за својот живот,  многу е голема веројатноста дека таа го исполни целосно сопствениот потенцијал и ќе стане позитивна сила на промени во нејзиниот дом, заедница и нација.

УНФПА ги поддржува напорите на земјите да се зајакнат тинејџерките преку заштита на нивните човекови права и обезбедување на универзален пристап до информации и сервиси вклучувајќи сексуална и репродуктивна здравствена заштита.

Во 2015 година, УНФПА преку нејзините програми помогнала 11,2 милиони девојки на возраст помеѓу 10 и 19 години да имаат пристап до сервиси за сексуално и репродуктивно здравје.

3,692 Comments