Редовните посети кај матичните гинеколози се исклучително важни за бремените жени во првото тромесечие од бременоста.

велимир кузмановски (1)

Редовните посети кај матичните гинеколози се исклучително важни за бремените жени во првото тромесечие од бременоста,смета доктор Велимир Кузмановски, гинеколог, бидејќи тогаш,објаснува и телото на мајката се прилгадува на промените и бразиот раст на плодот.Пациентките,додава подлежат на контроли кои се предвидени за овој период од бременоста.Тој потенцира дека на пациентките им се препорачува соодветен режим на исхрана,мултивитаминска терапија,микробиолошки брис за да се види превенција од генитални инфекции кои можат да направат проблем од ризик при предвремено породување.Инаку, во приватната здравствена установа „Нити“ од Куманово,минатата година за совет,прегледи, контроли и терпија ја посетиле и примиле приближно 300 жени од ромска етничка заедница.Добар дел од пациентките на Кузмановски се придржуваат кон начинот на исхраната што им го советуваат лекарите и редовно ја земаат пропишаната терапија.

„Што се однесува до исхраната таа треба да биде богата со витамини и минерали,разновидна и секако мора да се внесува доволно течност.Мора да се конзумира овошје и зеленчук,секаков вид житарки, посно месо, риба, млечни производи и битно е да се биде распределена во неколку помали оброци шест до осум пати во текот на денот“-изјави доктор Кузмановски.

Сепак,нагласи дека има пациентки кои пради ниските месечни приходи во семејството не целосно се придржуваат до препораките,а исто така големо влијание има и степенот на образованието кај пациентките.

„Се случува дел од пацинетките кои потекнуваат од социјално ранливи категории семејства да прескокнуваат одредени прегледи,но сепак,генерално нашите пациентки,се придржуваат кон препораките“- нагласува Кузмановски.

Пациентките од ромска етничка заедница,информира докторот најчесто остануваат бремени на помлада возраст.Како пример посочи 23 годишна пациентка која е со трета бременост.И тој потенцира дека проблем е малолетничката бременост,но дека обично пацинетките кои се на помлада возраст, до 25 години полесно ја поминуваат бременоста,бидејќи додаде се повитални и имаат помал ризик од вродени малоформации кај плодот.

Во однос на додатоците во првото тромесечие од бременоста и особено кога пациентката планира бременост, треба да започне со внесување фолна киселина, но и да го продолжи примањето до завршувањето на првите три месеци од бременоста.Ова, смета доктор Кузмановски овозможува значително намалување на ризикот од аномалии на централниот нервен систем на плодот. Истовремено, со фолната киселина се препорачуваат и мултивитамински препарати наменети токму за трудниците,како што се суплементи и мултивитамини со минерали,со калциум,магнезиум,омега три за да се развие мозокот кај фетусот.велимир кузмановски (1)

„Препорака е да се намали венсување на сол како превенција од настанување отоци и висок крвен притисок“-појасни Кузмановски.

Исклучиво,објанува,ризиците се поврзани со возраста на пациентката.

„Ризикот се проценува согласно возраста на пациентката,колко е повозрасна пациентката,која за прв пат е бремена толку е поголем ризикот“- изјави Кузамновски.Тој додава дека во тој случај се применуваат софтверски испитувања за генетски предиспозиции на плодот,посочувајќи го ултразвучниот преглед кој се врши помеѓу единаесетата и тринаесетата недела од бременоста со кој се утврдува степенот на ризичноста кај пациентката.

Доктор Кузмановски препорача дека сите пациентки кои планираат бременост добро е да се советуваат со лекари.Но,во Македонија,таква пракса не е востановена.

„Ретки се оние кои доаѓаат пред да останат бремени. Ниту Македонките, ниту Ромките, ниту Албанките,сите доаѓаат, откако ќе останат бремени.Превенцијата навистина недостасува и мора да се работи на тоа поле многу поинтензивно“- изјави доктор Кузмановски.