Шеста европска конференција за здравје на мигрантите и етничките малцинства

Nakmieuphalogo

Шестата конференција за здравје на мигрантите и етничките малцинства 2016 се одржа во Осло од 23 до 25 јуни годинава. Одделот за здравје на мигрантите и етничките малцинства при ЕАЈЗ (EUPHA) и Норвешкиот центар за истражување на здравјето на малцинствата (NAKMI) беа домаќини на конференцијата.

Тема на Конференцијата беше „Правичност – јазот во спроведувањето на политики во здравството“. Оваа конференција беше единствена можност за сите чинители од здравствениот сектор да се сретнат, споделат, дискутираат и дебатираат за прашања поврзани со правичност во здравството. Нееднаквостите во здравството и етничките околности остануваат високо на агендата. Понатаму, прекуграничното споделување на информации вклучи најдобри практики, приоритизација, вклучување и учество на корисник, пристап до услуги и информации и унапредување на способностите и вештините на здравствениот персонал.
Здравствените политики треба да се посветат на разликите во ранливост. Понатамошно намалување на јазот на правичност преку пристапот на социјални детерминанти и менување на разбирањето за напредок се потребни. Ова пак, е пораката која што произлезе од конференцијата.

Конференцијата се фокусираше на следните главни теми:
·       –  социо-демографски детерминанти
·         – политички детерминанти за здравство и околности за делување; (вклучувајќи овластувања, економски фактори и етнички предизвици)
·         – пристап до и квалитет на здравствените услуги; разлики и нееднаквости
·         – социјално исклучување и маргинализација
·         – одговор односно реакција на здравствениот систем на разноликост; добри практики
·         – вклученост и учество на корисник; еманципирање и средство за промена
·         – професионална обука и образование
·         – политики и практики кои влијаат на условите за живеење и работа, а кои влијаат на здравјето; безбедност на работа.

Претставникот од Македонија, д-р Бранкица Младеновиќ учествуваше на Конференцијата со претставување на извадок насловен „Бариери при пристапување до антенатални услуги за ранливите групи жени, вклучувајќи и Ромки“ во кој всушност се претставени главните наоди од истражување кое беше спроведено во 2014 година со поддршка на Националниот Ромски Центар од Куманово и Фондацијата Отворено Општество. Жирито кое беше составено за избор на најдобриот постер во текот на конференцијата објави дека постерот ја освоил наградата занајдобар дизајн и концепт (500 евра)!

1,031 Comments