„Чачипе“ во Скопје

chicipe-119_0935-naslovna

„Чачипе за младите“ е збир на фотографии на млади луѓе од Европа кои во 2008 година се пријавија на меѓународен конкурс

 

Меѓународната изложба на млади од цела Европа кои преку фотографии се борат против негативните стереотипи, рушењето на предрасудите и прикажување на една посуптилна слика на најголемото етничко малцинство во Европа-Ромите во петокот, на шести април стигна и во Скопје. Фотографиите се изложени во Младинскиот Културен Центар (МКЦ). Изложбата ќе биде отворена до 20 април.

Таа е насловена „Чачипе за младите“, што на ромски јазик значи „вистина“ или „реалност“. Изложбата на фотографии всушност е збир на фотографии на млади луѓе од Европа кои во 2008 година се пријавија на меѓународен конкурс. Натпреварот за фотографија беше организиран од страна на Фондациите Отворено општество и Архивите на отвореното општество. Тој беше отворен за сите млади луѓе кои имаат направено фотографии со Роми во земјите кои се дел од Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015 година.

Изложбата во Скопје ја отворија претседателот на Фондацијата Отворено општество Македонија Владимир Милчин, амбасадорот на Република Унгарија во Македонија Јожеф Бенце, како и националниот координатор на Декадата на Ромите во Република Македонија и министер без ресор, Неждет Мустафа.

Повеќе информации за Чачипе за младите, како и подетален преглед на фотографиите, освен на изложбата во Скопје може да најдете на http://photo.romadecade.org/index.php?content=23

 

[galleryview id=13]

1,612 Comments