„Црвено светлоˮ од Ромките од Шуто Оризари

billboard print.cdr

Третата карта со оценка од заедницата за здравствена заштита во текот на бременоста кај Ромките во оваа скопска општина направена од страна на Х.Е.Р.А покажува дека не се почитуваат здравствените права на овие жени

 

 

Во општината Шуто Оризари трета година по ред се спроведува иницијативата – Мониторинг од заедницата на здравствената заштита во текот на бременоста, преку којашто самата заедница одблиску го следи спроведувањето на правата коишто им се гарантирани преку законите и подзаконските акти на државата во областа на репродуктивно здравје.

Како дел од оваа иницијатива, на крајот на 2014 година беше изработена Третата карта со оценка од заедницата која што има цел да ги оцени квалитетот и пристапот до здравствени услуги во текот на бременоста и во периодот по породувањето помеѓу Ромките коишто живеат во Шуто Оризари. Истражувањето е направено од страна на Ромките од Шуто Оризари со техничка поддршка од страна на здруженијата ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, РРЦ – Ромски ресурсен центар и Амбрела.billboard print.cdr

Ова се клучните наоди од картата коишто алармираат за негативни трендови или недостатоци во услугите за здравена заштита во текот на бременост помеѓу Ромките во Шуто Оризари:

И покрај тоа што со Програмата на Министерство за здравство за активна заштита на мајки и деца за 2014 година се предвидува жените Ромки да бидат посетени повеќе од 2 пати во годината од патронажата служба, истражувањето покажа дека само 15% од бремените жени Ромки од Шуто Оризари биле посетени еднаш во текот на бременоста од патронажната служба.

Со истата Превентивна програма на Министерство за здравство, 1.500 жени Ромки треба да добијат бесплатни микробиолошки тестови два пати во текот на бременоста, меѓутоа картата покажа дека на ниту една жена од општина Шуто Оризари оваа мерка не ѝ била понудена, ниту пак ја искористила во текот на бременоста.

Иако постојните законски и подзаконски акти предвидуваат секоја бремена жена да добива целосно бесплатни услуги кај избраниот матичен гинеколог, жените Ромки даваат црвено светло за трошоците во текот на бременоста. Теренското истражување покажа дека 41% од Ромките од Шуто Оризари платиле од 150-500 денари, додека 36% платиле од 500-800 денари при секој преглед кај матичниот гинеколог во текот на бременоста.

Со превентивната програма на Министерството за здравство беше предвидено отворање на гинеколошка ординација во јануари 2014, но од јули 2014 година се отвори гинеколошка ординација која нуди услуги за жените од Шуто Оризари само еднаш неделно во која што не работи матичен гинеколог. Во оваа ординација Ромките може да добијат бесплатно советување, ЕХО и вагинален преглед, но не можат да направат микробиолошки испитувања и ПАП тест, ниту може да им биде препишан рецепт за лекување или да добијат упат за понатамошни лабораториски испитувања или болнички прегледи. Ова значи дека жените од Шуто Оризари сепак немаат пристап до услуги за следење на нивната бременост како и можност за упат за породување во болница.

 

 

 

632 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published.