„Чувајте ги децата“ во 2013 година

Секоја година 40 милиони жени во светот се пораѓаат дома, без помош од стручни лица. Секој ден, 800 жени во светот умираат за време на нивната бременост или за време на породувањето.

 

Секоја година 40 милиони жени во светот се пораѓаат дома, без помош од стручни лица. Секој ден, 800 жени во светот умираат за време на нивната бременост или за време на породувањето. Вкупно 8000 новороденчиња умираат во првиот месец од нивниот живот. Четириесет и пет проценти од вкупниот број на смртност кај деца помали од пет години отпаѓа на смртноста кај новороденчињата. Секоја година во светот умираат три милиони новороденчиња. Најчесто умираат поради инфекции при раѓање или поради компликации при породувањето, па дури и поради компликации пред терминот за породување. Иронично, но сите овие причини може да се отстранат и да се реагира навреме за да не дојде до смрт кај новороденчињата, но и кај мајките.

Ова се важните статистики кои годинава се истакнати во „Да се преживее првиот ден“, извештај на Фондацијата „Чувајте ги децата“ за 2013 година. Во извештајот, исто така, е истакнато дека 60 проценти од малолетните деца умираат во првата година од нивниот живот. Од нив, три четвртини, односно два милиони малолетни деца умираат уште во првата недела од нивниот живот. А, повеќе од една третина од овој број или еден милион деца умираат на нивниот роден ден. Високи 99 проценти од смртноста кај новороденчињата и кај мајките се случуваат во земјите во развој, каде за бремените жени и новородените бебиња недостига пристап до основни здравствени услуги и основна здравствена заштита – пред, за време и после породувањата.

Скоро две третини од вкупниот број на смртност кај новороденчињата уште во првиот ден на раѓање (673.000 од еден милион во 2011 година) се случило само во 10 земји. Најголем дел од овие земји се високо населени (како Кина и Индонезија), а другите имаат релативно висок процент на доенечка смртност на нивниот роден ден (Авганистан, Конго, Етиопија, Пакистан и Танзанија). Индија е земја која е и високонаселена и има висок процент на доенечка смртност – 29 проценти од светската бројка.

Постојат пет индикатори според кои се проценува процентот на доенечка смртност кај сите земји во светот, без разлика дали тие се богати или сиромашни. Постои само еден индикатор за секоја димензија на мајчинската благосостојба, а тоа е мајчиното здравје, благосостојбата на новороденчето, образовниот, економскиот и политичкиот статус.

Извештајот покажува дека образовниот статус е важен бидејќи истражувања покажале дека кога девојката/жената е образована, нејзините деца ќе бидат поздрави и пообразовани. Бруто националниот приход по глава на жител е најдобриот показател кој овозможува поглед во пристапот на мајката на економските ресурси, а оттука и нејзината можност и способност на своите деца да им овозможи пристоен живот. Во однос на политичкиот статус, извештајот укажува на условите за учество на жените во националните Влади. Колку жените имаат право на глас во политиката, во националните политики за приоритети од области кои се важни за мајките и за нивните деца. Војните, насилствата, корупцијата и непочитувањето на правото исто така се многу важен и многу влијателен фактор за недостигот на основни услови за правилна мајчинска и доенечка здравствена заштита.

Согласно индикаторите за мајчинската грижа и за заштитата на новороденчињата, согласно индикаторите содржани во извештајот “Чувајте ги децата” на Гејтс Фондацијата, европските земји, заедно со Австралија доминираат на врвот, на највисоките позиции, додека суб-сахарска Африка е најниско рангирана по ова прашање. Првите 10 земји кои се рангирани се земји кои имаат најдобри здравствени услови за мајките и за новороденчињата, како и најдобар образовен, економски и политички статус. Највисоко рангирана е Финска. Најниско – Конго.

После Финска, високо рангирани се Шведска, Норвешка, Исланд, Холандија, Данска, Шпанија, Белгија, Германија, Австралија, Австрија, Швајцарија, Португалија… Македонија на пример, е рангирана на 40 место. Од земјите во регионот, Македонија е после Србија. Србија на пример, се наоѓа на 36 место, Хрватска на 34 место, Грција е рангирана на 19 место. Словенија пак, на 14 место. Зад Македонија пак, е Црна Гора, која се наоѓа на 42 место, Бугарија е 43 место, Босна и Херцеговина – 47.

Повеќе информации може да најдете во извештајот „Чувајте ги децата“.

 

Leave a Reply