Да се зајакнат правата на Ромите

Human-Rights

Ова е една од многуте препораки во Универзалниот периодичен извештај за Македонија од Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на Обединетите Нации, лансиран на 30 јануари 2014 година.

 

Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права при Обединетите Нации, на 30 јануари 2014 година го презентираше Универзалниот периодичен извештај за Република Македонија кој се однесува на состојбата со човековите права во земјата. Во краткаото резиме на извештајот дадени се достигнувањата кои што Македонија ги има направено во делот за човекови права, критичните области, но и препораки кои земјава треба наскоро да ги направи ако сака да ја подобри сликата за човековите права. (http://www.ohchr.org/EN/HRBodies/UPR/Pages/MKSession18.aspx).

Позитивни достигнувања се дека се подобрува легислативата за заштита на граѓаните од сите форми на дискриминација, а тоа се гледа со усвојувањето на Законот за превенција и заштита против дискриминација. Реформите овозможија зајакнување на независноста на судството. Зајакната е улогата на Народниот правобранител и неговите акредитации на Меѓународниот Координациски комитет на институциите за национални човекови права, Охридскиот рамковен договор, како важна алатка за менаџирање и подобрување на меѓуетничките односи, ратификацијата на Изброниот протокол на Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, пактот за правата на лицата со посебни потреби и неговиот изборен протокол, како и напорите направени за да се посочи родовата нееднаквост и зголеменото учество на жените во процесот на одлучување.

Прашања и области за кои беше покрената расправа се слободата на изразување и слободата на медиумите, заштита на ЛГБТ лицата од дискриминација и нетолеранција, прашања поврзани со Ромите и дискриминација против етничките малцинства, несоодветно однесување во затворите и пренатрупаноста во нив, детски труд, сексуална експлоатација и злоупотреба на деца и родова еднаквост.

Препораки за Република Македонија пак се, да продолжи да ја осигурува независноста на медиумите и да почне дијалог со претставници на медиумите, со цел да се постигне договор за отворените прашања и создавање услови за независна работа на различни медиуми. Да преземе соодветни мерки за заштита на ЛГБТ лицата од дискриминација и да стави крај на насилството и застрашувањето против нив, на Народниот шрабобранител да му овозможи услово за работа согласно париските принципи, да преземе ефективни мерки за притворот да ги исполнува меѓународните стандарди, посебно во однос на пренатрупаноста во затворите и да го спречи насилството во нив. Да донесе соодветни мерки со кои ќе го подобри квалитетот на образованието за децата – припадници на малцинските групи, да се засилат напорите за борба против трговијата со луѓе, а во меѓувреме да се обезбеди соодветен правен лек за таквите жртви, да се развие пристап до основна здравствена заштита и здравствени услуги за сите деца, а посебно за тие од ромска националност. Да се зајакнат правата на Ромите, да се обезбеди родова еднаквост, да се зајакне комисијата за заштита против дискриминација, да се преземат соодветни мерки да се елиминира детскиот труд, да се продолжи на подобрување на условите на мигрантите и на барателите на азил.

Ова беше втората сесија на која се претстави извештајот. На неа присуствуваше 10-члена делегација од Република Македонија, предводена од Игор Џунев, директор на секторот за мултилатерални работи при Министерството за надворешни работи.

Националниот ромски центар присуствуваше на сесијата за претставување на Универзалниот Периодичен Преглед (Universal Periodic Review – UPR), на која невладини организации од Македонија ја презентираа состојбата со човековите права пред постојаните странски дипломатски мисии во Женева, Швајцарија. Сесијата се одржа на 29 ноември 2013 година, во Обединетите Нации.Александар Данилов кој е дел од тимот на проектот „Преку засилен глас до подобри здравствени услуги” беше претставник на НРЦ во Женева.

Марија Гелевска, заменик извршен директор и координатор за мониторинг на човекови права и обезбедување правна и психолошка помош на ЕСЕ Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените во Република Македонија на сесијата ја презентираше состојбата со човековите права во земјава, осврнувајќи се на здравствените права, особено на здравствените права кај Ромите. (http://www.ednomagazine.com/zdravstveni-prava/zdravstvenite-neednakvosti-prezentirani-vo-zeneva).

 

 

 

46 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published.