„Дали Ромките имаат право на безбеден живот?ˮ

photo1103

Препораки и заклучоци од регионална конференција посветена на репродуктивно здравје и родово засновано насилство врз Ромките

 

Повеќе од 70 учесници од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Хрватска, Албанија, Македонија, Романија и Шпанија учествуваа на конференција со назив „Дали Ромките имаат право на безбеден живот?ˮ, која се одржа во Сараево, во октомври 2014 година. Целта на конференцијата беше во постоечките национални акциски планови на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија да се обезбедат политики/програми и тренинзи за Ромки за репродуктивно здравје и родово засновано насилство и како да им се обезбеди пристап до директна соработка и помош.Reproductive health

За време на дводневниот настан, беа претставени 18 презентации од областа на сексуалното и репродуктивно здравје и безбедност на Ромките, родово засновано насилство, трговија со жени и безбедност, добри наспроти лоши практики, резолуција 1325 за жени, мир и безбедност, Ромки во граѓанскиот сектор – поддршка за безбедност на Ромките.

Меѓу другите општествени актери и нивната улога во заштитата на репродуктивното здравје и безбедноста на Ромките, важна улога имаат невладините организации. Податоци покажале дека во проектите кои што се реализирани од страна на невладини организации постигнале неверојатни резултати, така што заклучено е дека нивната работа треба да продолжи, но, со поголема поддршка од институциите, како и потребата институциите да се посветат на таквата соработка.

Учесниците ги дефинирале следните можни иницијативи кои што би можеле да бидат остварени преку бројни проекти и заклучокот ќе може да послужи како водич во дизајнирањето на нови предлози за проекти:

-Лобирање и информативни кампањи за ромската популација,

-Политичка организација и учество на Ромите, посебно на Ромките,

-Активна работа со заедницата, информирање, поддршка,

-Мониторинг – учество во мониторирање на работата на властите и на другите институции во имплементацијата на акциските планови,

-Лобирање за ромски претставници во владини институции,

-Анализа и идентификација од страна на државата во собирање информации за работата на владите во процесите на донесувањето одлуки,

-Информирање на локалните групи заедници со цел да се информира, едуцира, посредува,

-Сервисни центри за заедниците,

-Вмрежување на невладиниот сектор во постигнувањето поголемо влијание и ефикасност во создавањето иницијативи за лобирање.

Препораките и заклучоците од оваа конференција во целост може да ги најдете на следниов линк: http://www.romadecade.org/cms/upload/file/9785_file11_recommendations-and-conclusions-of-sarajevo-conference.pdf

 

1,009 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published.