Десет организации со извештај до Обединетите нации

tekst-edno

Потребно е да се почитуваат обврските кои произлегуваат од ратификуваните меѓународни договори и од националното законодавство кое регулира материја од областа на здравствените права, посочи Здружението ЕСЕ, кое го водеше процесот во кој граѓанските организации го подготвија извештајот во сенка за човековите права.

 

Република Македонија ќе известува за состојбите на човековите права на осумнаесеттата сесија (јануари/февруари 2014 година) пред Советот за човекови права во вториот период од универзалниот периодичен преглед. Таква информација беше објавена од официјалната интернет страница на Високиот комесар за човекови права при ООН. Посебно што беше отворена можноста за поднесување на извештај во сенка од страна на граѓански организации, како механизам за проверка на степенот на исполнување на обврските кон кои државите – членки на ООН се обврзале со потпишувањето меѓународни договори од оваа област.

И од оваа информација почна сè. ЕСЕ – Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија поттикна соработка помеѓу неколку граѓански организации од земјата за подготовка на таков извештај. Подготовката вклучуваше разни консултации, обуки и средби за насоки и подготовка на документ со цел да се постигнат што подобри резултати.

Целта на подготовката на овој документ, како што наведоа претставниците на ЕСЕ, е да се подигне свеста кај надлежните државни органи во Република Македонија за потребата од почитување на обврските кои произлегуваат од ратификуваните меѓународни договори и од националното законодавство кое регулира материја од областа на здравствените права, како и да се преземат мерки насочени кон унапредување на состојбата во оваа област.

Во изработката на овој извештај во сенка, а во организација на ЕСЕ се приклучија граѓанската асоцијација КХАМ, Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА, ХОПС, ЛГБТИ Центар за поддршка – Хелсиншки Комитет за човекови права, Македонија, Национален ромски центар – Куманово, Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака, Ромскиот ресурсен центар, Ромската организација за мултикултурна афирмација – Рома СОС Прилеп и Отворена порта – Ла страда.

Секоја од организациите даде свој придонес согласно областите во кои работи. Националниот ромски центар (НРЦ) ги презентираше истражувањата на кои претходно работеше во областа на здравствените права, односно на правата во сексуалното и репродуктивно здравје. НРЦ извештајот го помогна со следните истражувања: Резиме и препораки за применети политики за намалување на здравствените нееднаквости во антенаталната и постнаталната грижа кон Ромките во Република Македонијаhttp://www.nationalromacentrum.org/mk/publikacii/istrazuvanja/rezime-i-primeneti-politiki-za-namaluvanje-na-zdravstveni-razlik/,

Извештај од фокус групи и интервјуа за услуги од репродуктивен периодhttp://www.nationalromacentrum.org/mk/publikacii/istrazuvanja/izvestaj-od-fokus-grupi/,

како и Просперитет и здравје на жената Ромка – Пат кон предизвициhttp://www.nationalromacentrum.org/mk/publikacii/istrazuvanja/publication/.

НРЦ даде посебен придонес во делот од извештајот насловен како здравствени права од перспектива на различни ранливи групи. Прво, самостојно, како Национален ромски центар, а потоа во соработка со Ромскиот ресурсен центар, граѓанската асоцијација КХАМ и ромската организација за мултикултурна афирмација – РОМА СОС Прилеп.

Извештајот во сенка беше официјално испратен на 21 јуни 2013 година.

345 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published.