Девојчињата помалку внимаваат на себе

girl child2 copy

Ова е заклучокот од многу истражувања спроведени во земји во развој, а кажани на Меѓународниот ден на женското дете минатата недела, на 11 октомври.

 

„Нема ништо поважно од тоа да се биде информиран. Тоа ни дава слобода на избор. Сексуалното образование е неопходно за да се биде подготвен за независен живот на еден возрасен човек. Имав можност да учам за тоа од мојата мајка, како и од можноста да бидам волонтер во Младинскиот пријателски здравствен центар Неовита. Навистина имам среќа. Среќна сум што имав таква шансаˮ. Ова е порака на 16-годишната Олга Бостан, волонтерка од Молдавија, по повод 11 октомври, меѓународниот ден на женското дете. Пораката е пренесена на официјалната страница на Светската здравствена организација, организација која како никогаш досега посветува огромно внимание на здравственото, а со тоа и на сексуалното образование, подеднакво и кај момчињата и кај девојчињата.

 

И покрај тој факт, истражувањата покажуваат дека во земјите во развој девојчињата значително помалку знаат како да се чуваат себе си и своето здравје отколку момчињата.

 

Обезбедувањето здравствено образование (вклучително сексуално и репродуктивно) е ефективна стратегија за здравјето на девојчињата насекаде во Светот. Една од значајните придобивки е тоа што упатените и едуцирани девојчиња поретко ќе бидат предмет на детски бракови и рана бременост. Дополнително, таквата едукација многу помага во намалувањето на смртноста, плодност и меѓугенерациска сиромаштија. Или поедноставно кажано, образованите млади девојки имаат помали семејства и поздрави деца.

 

Порака од Бан Ки Мун, генералниот секретар на Обединетите Нации:

Како резултат на тоа, покрената е првата иницијатива за Глобално образование, која има за цел да го забрза процесот секое дете да има пристап до образование, односно секое дете да се запише на училиште. Посебно девојчињата.

„Имаме за цел да учиме повеќе од читање и собирање. Се стремиме да подигнеме глобални граѓани кои ќе може да се справат со глобалните сложени предизвици на 21 век. За да постигнеме значајни резултати, нам ни требаат свежи решенија за предизвиците во однос на образованието на девојчињата. Ние мора да го слушнеме гласот на младите луѓеˮ, се вели во обраќањето на генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун.

Кампањата е во насока на постигнување на милениумските развојни цели до 2015 година и мора да се има обликувана визија после тоа, со што ќе се потенцираат главните грижи во однос на образованието на сите девојчиња во светот.

Повеќе за говорот на генералниот секретар, може да прочитате тука:

http://www.un.org/en/events/girlchild/2013/sgmessage.shtml

 

 

Факти

Повеќе од 30% од девојчињата од земјите во развој стапуваат во брак пред да наполнат 18 години. Околу 14% се мажат пред да наполнат 15 години. Раниот брак е ризичен фактор за рана бременост, кој резултира со многу сиромашно репродуктивно здравје.

Повеќе факти околу темата може да најдете тука:

http://www.who.int/reproductivehealth/topics/adolescence/dayofgirl_msgs/en/index.html

75 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published.