Дискриминација од најлош вид

tekst

Од Маја Саитовиќ, Себихана Скендеровска и Даниел Радулеску  

 

Состојбата на здравствената заштита кај Ромите во Европа е застрашувачка.

Околу 10 до 12 милиони Роми кои живеат во ЕУ придонесуваат за европскиот живот како и другите популации, но сепак тие се редовно исклучени од општествата. Години на запоставување и индиферентност од властите го доведоа европското најмладо и најбројно етничко малцинство на маргините на општеството. Меѓу другите драматични последици, туркањето на Ромите на страна има катастрофално влијание врз нивното здравје – како и врз здравјето на нивните заедници.

Кога еден Ром бара здравствена грижа, ништо не е лесно. Наместо да ги добијат услугите на кои имаат право, повеќето Роми се соочуваат со непријателство од страна на здравствените работници или директно одбивање. Според неодамнешна студија, објавена во Интернационалниот Журнал за Јавно Здравство, ромските заедници низ Европа се соочуваат со многу поголеми бариери во здравството отколку генералната популација. Непропорционалната зачестеност, недостиг на информираност, здравствено осигурување и документација стануваат несовладливи пречки кога Ромите ќе се обидат да добијат соодветна здравствена грижа. Најчесто Ромите се изолирани и страдаат од пречки во комуникацијата и дискриминација. Ромските деца се посебно ранливи поради овие пропусти.

Ромските застапници преку нивните напорни заложби низ Европа ги охрабрија носителите на одлуки да донесат закони и правила за подобрување на нивните права и здравје. Како што потенцира Советот на Министри при Европската Унија во нивната „рамка за национална интеграција на Ромите”, борбата против социјална исклученост, дискриминација и нееднаквост се јасна обврска на ЕУ.

Но, додека да се утврди легалната рамка, не е сигурно дали овие заштитни мерки се вредни за хартијата на која се напишани. Малку ќе се смени сé додека националните и локалните власти не креираат поинклузивни и превентивни грижи и планови за здравствена едукација; додека не воведат законска одговорност за повредата на правата на Ромите во здравството; или не инвестираат во добри практики како здравствени медијатори кои ќе им помогнат на Ромите да стигнат до здравствениот систем – помеѓу другите мерки. Ова зависи од членките на ЕУ кои треба да го направат тоа што е потребно за да се осигураат дека сегрегацијата на Ромите е нешто кое е само напишано во книгите по историја.

Исто така, ЕУ мора да обезбеди соодветен пристап до едукација за да ги адресира моменталните бариери на пазарот на трудот. Невработеноста кај Ромите е неприфатливо губење на човечки капитал низ цела Европа. Сиромаштијата која се случува како резултат на ова само ги влошува здравствените резултати и го попречува пристапот до соодветна грижа. ЕУ мора да го мониторира начинот на кој жените и девојки Ромки се обезбедени со натални и постнатални здравствени услуги, осигурувајќи лесен пристап до информации за репродуктивно здравје и мајчинство. Многу Роми уште во раната возраст започнуваат со животна борба.

Самите ромски заедници мора да бидат вклучени во оформувањето на овие правила кои се наменети да им го олеснат животот и да им го подобрат здравјето. Учеството и одговорноста мораат да им станат мото на европските главни градови кога станува збор за Ромите. Без овие водечки принципи, европското најбројно малцинство ќе продолжи да страда од неприфатливите стандарди на здравствената грижа.

Маја Саитовиќ Јовановиќ е координатор на програмата на проектот за здравство на Ромите водено од Фондација Отворено Општество. Себихана Скендеровска е координатор на програмата за здравство во македонскиот Национален Ромски Центар. Даниел Радулеску е претседател на романскиот Ромски Центар за Здравствени Политики (SASTIPEN).

847 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published.