„ДОБРЕДОЈДЕ БЕБЕ“ – ОСТВАРЕНА ЦЕЛ НА НРЦ

investicii-kumanovo-800x600

Проектот „Добредојде бебе“, неодамна  беше промовиран на гинеколошко-акушерското одделение во кумановската општа болница.Претставници од кумановската болница, од  Министерството за здравство и од Управата за водење матични книги, доделија изводи од матична книга на родени, за две новороденчиња.

Овој проект е остварена цел на Националниот Ромски Центар.Во 2005 година, во рамките на својата стратегија, НРЦ бараше секое новороденче да добие бесплатен извод веднаш по раѓањето, без разлика дали неговите родители поседуваат документи.Во текот на 2007 година, НРЦ работеше упорно и интензиво, јавно застапувајќи ја оваа цел, упатувајќи препораки до релевантните институции во државата.

На промоцијата на проектот, во кумановската болницa заменик министерот за здравство, Гоце Чакаровски, изјави дека проектот продолжува со реализација во сите 17  родилишта во Македонија.Потсети дека проектот беше промовиран пред извесен период и на Гинеколошко-Акушерската клиника во Скопје, а потоа и во специјалната болница „Мајка Тереза“ во Чаир.Заменик министерот информираше дека досега се доделени 91 извод, од кои 33 на ГАК, каде што пак имало 466 новороденчиња и 58 во болницата во Чаир, каде имало 391 новороденче.

ana 1-800x600

„Дисперзијата на проектот продолжува.Проектот е заеднички  на Министерството за здравство, Управата за електронско здравство, МВР, Упрвата за водење матични книги.Тимови од Управата за електронско здравство ги посетија 17-те родилишта во Македонија, направија обуки со персоналот, тренинзи.Се надевам дека проектот ќе продолжи бидејќи е замислен да им се олесни да родителите, 48 часа по раѓање со денот на испис на мајката и бебето да добијат извод од матична книга на родени.За таа цел, родителите треба да имаат лични карти, да сакаат да го добијат тој документ и нормално да го знаат името на новодороденчето“-изјави заменикот министер за здравство, Чакаровски.Тој истакнува дека проектот се спроведува со цел, да им се излезе во пресрет на родителите да не одат по шалтерите, туку новороденчињата да си добијат извод во болницата, родилиштето каде се родени.

05092017162923_web_????_??? аровски-куманово-болница-800x600

Сепак, дел од родителите поради традицијата не се одлучуваат веднаш да изберат име на новороденчето, што може да се забележи и од бројот на оние кои ја искористиле оваа новина, наспрема бројот на новородени во болниците во Скопје и Куманово.Значително помал број на родители се одлучиле да го искористат проектот, останатите поради традиционалните вредности не се одлучуваат веднаш да му одредат име на новороденото, па затоа и не го користат проектот.

„Порано се чекаше на име, некогаш и до две недели, сега веќе не е така, самите родители си бираат име, уште кога мајката дознава за бремноста.И јас имам одбрано има за неродената ќерка, за среќа им се допаѓа и на сопругот и на поширокото семејство“-вели, младата Атиџе.Џ од Куманово.

Марија Ч.од Куманово, која наскоро треба да се породи вели дека е информирана за проектот, меѓутоа не знае дали ќе ги искористи овие поволности, бидејќи нејзините кумови се надвор од државата.

ana 2-800x600

Директорот на Управата за водење матични книги, Ѓоко Котевски, нагласи дека проектот продолжува и оти тимовите соработуваат.

„Системот функционира беспрекорно, екипирани сме и стоиме на располагање на граѓаните како сервис“-изјави Котевски.

Во првите осум часа од раѓањето на детето, со важечки документ за лична идентификација, родителите треба да потпишат изјава за согласност за обработување на личните податоци. Двајцата родители треба да бидат присутни пред потпишување на обрасците, а претходно треба да бидат договорени личното име на детето и живеалиштето.