Граѓаните не сакаат да плаќаат манипулативен трошок за матичните лекари

107601610-34574

За граѓаните, неприфатлив предлогот за манипулативен трошок

Прескапо, невообичаено, па дури и дрско, вака го оценија граѓаните на Куманово, предлогот на матичните лекари, пациентите за влез кај матичните лекари. Неодамна, Здружението на приватни лекари достави барање до Фондот за здравствено осигурување да им се зголеми капитацијата од 65 денари и пациентот да плаќа манипулативен трошок за влез кај матичен од најмалку 30 денари. Со овој предлог не се согласуваат ниту посиромашните, ниту поимотните граѓани на Куманово. Во анкетата која ја направивме буквално сите се против манипулативниот трошок. Но, не сакаат да се сликаат, ниту да се претстават, оти велат ќе ги нарушат односите со матичните лекари.

42 годишната А.Џ., вели дека ако предлогот се прифати, тогаш тоа ќе биде погубно за нејзиното семејство. Таа е корисник на социјална парична помош и во куќата живеат три генерации, од кои најмладиот е 10 години, а највозрасната е 66 години.

lekar_0

„Нема ден да не одиме на лекар, или јас, бидејќи имам притисок, или сопругот кој боледува од дијабетес или свекрвата која знаете со години веќе постојано има проблеми. Од кај да најдам секој ден по 30 денари, па еве и да биде 15 дена во месецот, сами израчунајте, јас тие пари ги немам“-изјави револтирано 42 годишната жителка на кумановската населба „Бавчи“.

Нејзиниот став го дели и Л.И. самохрана мајка на две деца вработена во чевларска компанија. Таа како што рече нема намера да плаќа посета кај лекар.

„Ретко одам на лекар, ама децата често се болни не нешто сериозно, најчесто настинка. Но ниту имам волја, ниту пари да плаќам 30 денари. Еве, една посета 30 денари, за лек 150 некогаш и повеќе за мене и мојата плата од 12000 денари, тоа е премногу“-изјави 34 годишната Л.И.

Пензионерот од Куманово, Тодор. Б пак вели, дека неделно оди по три пати на лекар. Додава дека има пензија од 12.500 која ја користат со сопругата која нема пензија. Тој вели дека ако се воведе тој трошок ќе немаат пари ниту за леб, бидејќи, одвојуваат за комуналии и лекарства.

28 годишната К.Д. високообразована, вработена, мајка на новороденче, вели дека пари има ама нема намера да плаќа како што вели, измислен и нереален трошок.

doktori

„Често ми се случува кога одам на лекар да поставам прашање, а матичниот да ме игнорира. Прегледот е на брзина, оти секогаш има турканици, а и да ви кажам не гледам дека живеат лошо. За викенди секогаш се на прошетки надвор од државата, може да се види од социјалните мрежи и не работат, за разлика од мене која во приватна компанија секогаш имам работна сабота“-изјави К.

Од Здружението на матични лекари велат дека го бараат воведувањето на манипулативниот трошок, бидејќи се сменила пазарната економија, се зголемиле трошоците. Тие велат дека дел од нивните колеги се принудени да ги затворат ординациите, а некои патуваат и по десетици километри за да стигнат до работното место. Оттаму велат дека не плаќаат само плата и придонеси, туку кирии, потрошен материјал, фирмарина.

Од Здружението бараат и зголемуавње на капитацијата од 55 на 65 денари. За ова барање анкетираните граѓани имаат позитивен став. Велат, дека е легитимно лекарите да си бараат средства од државата, но не и од пациентите. Сепак, додаваат и тоа се пари на граѓаните.

И лекарите и граѓаните чекаат да се назначи нов министер за здравство, за да се види како ќе се реагира на ова барање на лекарите.