Граничното профилирање пред Уставен суд

images

Европскиот Центар за Правата на Ромите од Будимпешта минатата недела (на 26 февруари 2014 година) ја оспори уставноста на член од Законот за патни исправи на Република Македонија врз основа на нивно истражување кое што потврди дека Македонија не го почитува основното човеково право – правото на слободно движење.

 

 

Еден член од Законот за патни исправи на државјаните на Република Македонија минатата недела се најде пред Уставниот суд. Европскиот Центар за Правата на Ромите (ЕЦПР) од Будимпешта поднесе иницијатива со која посочува дека земјава го крши основното право на движење за Ромите од Македонија.

Врз основа на истражување на терен, од ЕЦПР тврдат дека македонските гранични власти во најголем дел од случаите им ги одземаат пасошите на Ромите кои што сакаат да патуваат надвор од Македонија, под сомневање дека тие ќе бараат азил од други држави. Според истражувањето на ЕЦПР, во период од 2011 до 2013 година, документирани се 74 случаи на Роми индивидуалци на кои не им бил дозволен излез од Македонија. Во 24 случаи им бил одземен пасошот од страна на македонските гранични службеници. Дополнително ЕЦПР бил информиран за уште 50 нови случаи. Во 90 отсто од случаите кои биле документирани од страна на Центарот укажуваат дека само од Ромите им биле побарани докази за оправдување на нивното патување надвор од Македонија (во случаи кога заедно патувале Роми и не-Роми). Вкупно 60 отсто од Ромите кои биле вратени од граница, од граничните службеници им било кажано дека наредено им е да ги враќаат Ромите назад. На 30 отсто од засегнатите Роми експлицитно им било кажано дека не може да ја поминат границата поради етничката припадност (само заради тоа што се Роми).

Од Центарот посочуваат дека македонските гранични власти имаат дискреционо право да го прават тоа иако тие надлежности и Законот се во судир со сите меѓународни конвенции за човекови права.

ЕЦПР го оспорува членот 37, став 1, точка 6 од Законот за патни исправи предвидува основи за одбивање на поднесеното барање за издавање пасош, како и основи за одземање на пасошот, кои не се во согласност со член 27, став 2 од Уставот на Република Македонија, кој го гарантира правото на секој граѓанин да ја напушти Републиката, освен во таксативно наведени случаи, т.е. кога тоа е потребно заради заштита на безбедноста на Републиката, водење кривична постапка или заштита на здравјето на луѓето (Член 27, став 3 од Уставот на Република Македонија).

 

 

857 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published.