Грип

M4034S-4211
M4034S-4211

Турканици во малиот простор на кумановскиот Центар за јавно здравје.Голем број возрасни пациенти, најчесто над 60 години чекаат ред за вакцина против грип.Почна имунизацијата против сезонски грип.Оваа година набавени се 1.800 вакцини од холандски производител, информираат надлежните од Центарот за јавно здравје.

– Ги повикуваме лицата од ризичните групи како што се хронично болните, лица со белодробни заболувања, кардиоваскуларни заболувања, лица заболени од дијабет, со намален имунитет, навреме да се вакцинираат, изјави епидемилогот Едита Рамизи.

Пред да ги отворат вратите за граѓаните, со вакцина се заштитиле и здравствените работници кои ја спроведуваат имунизацијата. Тоа го препорачаа и на останатите нивни колеги.Пред да ја примат вакцината на пациентите им се врши општ лекарски преглед, односно им се мери притисок, пулс.

Вакцината чини 400 денари и главно е наменета за хронично болни лица, со намален имунитет и за здравствените работници, лица сместени во геријатриските центри, лица вработени во јавни институции и установи.

Medical vaccine

Medical vaccine

„Вакцината е прескапа за наши услови.Сепак, секоја година редовно се вакцинирам, бидејќи навистина е ефикасна.Лани примив вакцина и поминав само со блага настинка.Немав некои проблеми што е добро, со оглед на фактот што лани имав проблеми со притисок, пиев терапија, па избегнав лекови за грип“-вели, повозрасен кумановец, кој со својата сопруга чекаше ред за вакцина.Тој побара од надлежните да размислат да се намали цената за вакцини на 200 денари.Друг пациент, исто така пензионер пак бара вакцината да е бесплатна за одредени категории болни, како што се болните од кардиоваскуларни заболувања.

„Се е скапо, а наводно се е бесплатно.И вакцините треба да се покриени преку Фондот за здравствено осигурување или да се плаќа некоја цена најмнгогу до 100 денари“-вели овој кумановец.

Вакцина примија и две службенички кои велат работат на шалтер во државна институција.Тие се одлучиле на ваков чекор, бидејќи постојано комуницираат со луѓе.

„Дневно на шалтерот услужвам приближно 50-тина луѓе.Лани, два пати се разболев, еднаш дури и сериозно.Не знам може ми беше намален имунитетот, но овој пат не сакам да ризикувам и затоа одлучив да се вакцинирам.Не е скапо воопшто“-вели 35 годишната Андријана.З

Минатата година според надлежните од Центарот за јавно здравје вакцина примиле 1.400 граѓани, најголем процент од возрасната популација.

Оваа година набавени се сто вакцини повеќе во однос на минатата година. Лекарите се надеваат дека ќе има доволно за сите заинтересирани.

22642942_749116831942054_1910273209_o-800x600

Во регионот подрачните одделенија, Крива Паланка и Кратово добија 200, односно 100 вакцини кои се потрошиле само за два дена.

Вакцината ги покрива типовите вирус на грип кои циркулираат во северната хемисфера, вклучувајќи ги европскиот регион и Македонија, подготвена е согласно со препораките на Светската Здравствена Организација и штити од два типа вируси од групата A и еден тип вирус од групата Б, а производител е „Абот“ од Холандија.

Како што соопшти Министерството за здравство, вакцинацијата е единствена превентивна заштитна мерка против грип и се препорачува за лицата над 65 години, особено хронично болните лица, мали деца под 3 години со намален имунитет, здравствени работници, лица со кардиоваскуларни и респираторни заболувања, како и воопшто за лица со намален имунитет. Вакцината против грип е незадолжителна вакцина и се дава на доброволна базa.Вакцината се прима во октомври и ноември за навремено стекнување отпорност пред сезоната која започнува во декември, неретко трае до март.

Симптоми на грип, покрај затнат нос или течење од нос, се и болки во мускулите, болки во грлото, општа малаксаност, кашлица, висока температура над 38,5.Пациентите обично заздравуваат за една недела, но оние кои имаат намален имунитет им треба и до две недели целосно да заздрават.Вакцината штити, велат лекарите, но потребна е и грижа за здравјето, пред се во начинот на исхраната која треба да е богата со витамини, свежо овошје и зеленчук, чорби, супи, чаеви, домашни сокови,а тука е и лесната физичка активност која не треба да се прекине ниту во есенскиот ниту во зимскиот период.

На ниво на државата набавени се 28.000 вакцини.