Хорор, храброст и солидарност

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

На помош на настраданите поитаа хумани луѓе од сите земји. Но, веднаш секако, се одѕваа соседите. Така, Словенци, Македонци, Црногорци, па дури и од загрозената Хрватска пристигнуваше помош за Србија и за Босна

 

За магазинот ЕДНО текстот го напиша Зорица Кубичек, новинар во РТС, ромска програма

 

Невремето кое што во средината на мај ги зафати Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина не ја одбегна ниту една куќа, ниту еден имот кои се најдоа на патот на водената стихија.

Бранот поплави и не правеше разлика помеѓу богати и сиромашни, не бираше нација, ниту боја на кожа. Со ред поплавуваше и рушеше сѐ што ќе му се најдеше на патот. Во некои населени места, надојдената вода целосно ги имаше покриено еднокатните куќи, а водата стигнуваше и до третиот кат кај висококатници. Надојдената вода носеше мостови, а куќите изградени од послаб материјал се рушеа како да беа направени од кибрит.

На многумина овој налет на поплави им била веќе втора катастрофа во животот во која изгубиле сѐ што имале, после таа која што ја доживеале за време на воените години. Но, и овој пат најмногу страдаа најзагрозените. Деца, стари лица, болни и немоќни. И најсиромашните, а тоа скоро по правило се Ромите.

Во најтешко погодените места во Србија, Обреновец, Лазаревац, Смедеревска Паланка, Шабац, Костолац, Јагодина, Краљево, па и дел од Нови Сад живеат мнозинство Роми. Меѓу нив се наоѓа голем број на бегалци и расселени од областите зафатени од војната.

За обемот на катастрофата најдобро зборуваат бројките. На територијата на Србија за седум дена, од загрозените подрачја евакуирани се околу 32.000 лица.

Од подрачјето на Обреновец во првите седум дена евидентирани се над 24.000 евакуирани лица, а во прифатните центри сместени се околу 5.000 луѓе. Евакуацијата траеше со денови, а на загрозеното население носено им е вода, храна и други неопходни средства. Исто така, објавено е дека се поплавени 2.260, а дека се загрозени 1.763 објекти низ Србија.

Според соопштенијата, поплавите во Босна и Херцеговина однесоа 20 животи. Околу 950.000 луѓе морале да ги напуштат своите домови, додека околу 1,5 милиони луѓе се погодени од оваа елементарна непогода. Податоците од Советот на министри на Босна и Херцеговина кои беа претставени на прес – конференција ги презентираше претседателот Вјекослав Беванда, пренесува агенцијата Анадолија.

Ситуацијата беше тешка и во Хрватска, каде во Бродско – посавската жупанија на сила беше вондредна состојба. Еден дел од селата во Барањската жупанија беше превентивно исселен, а поплавите нанесоа голема штета на домаќинствата и на посевите.

Најголема опасност по повлекувањето на водата и во Босна и Херцеговина и во Хрватска сега е лизгањето на земјиштето. Посебно тешка е ситуацијата во Босна, каде се активирале повеќе од десетина свлечишта, кои пак, предизвикаа и поместување на мините кои што останале од периодот на војната. Тие дополнително се опасност за безбедноста на луѓето во тој крај.

Евакуираните луѓе од загрозените подрачја во Србија се сместени во 47 прифатилишта на Црвениот Крст од Белград. Низ прифатните центри поминале повеќе илјади луѓе, а во нив останале тие кои што немале кај кого да се сместат. Во прифатниот центар во Шумица во понеделникот засолниште нашле 94 луѓе од Обреновец, меѓу кои голем број Роми. И по денови од нивното спасување Марина не можеше да заборави што преживеле. Во моментот кога водата надошла во три часот после полноќ, ноќта помеѓу четвртокот и петокот, некој спиел на подот, а некој на кревет. Водата, според нејзините зборови, надоаѓала брзо, па, сите се качиле на креветите бидејќи тие биле највисоката точка во куќата. Викале на помош, која за среќа стигнала брзо. Така што, сите набрзо се нашле во спасувачките чамци, кои ги однесле на сигурно, на безбедно место.

Среќа имаше Радомир од местото наречено Шљивице кој живееше во двокатна куќа. Додека неговата жена спиела, Радомир дежурал. И кога видел дека водата му го поплавува дворот со огромна брзина, ја разбудил сопругата и заедно се качиле на највисокиот кат од куќата. И за нив брзо дошла помош така што сите заедно се нашле во прифатниот центар.

Како тоа изгледало во Обреновец таа ноќ, најдобро говори жената која што имала куќа во центарот на градот.

– Ноќ, врне, водата надоаѓа, нема струја… страотно. Се слуша како луѓе довикуваат за помош, како животните завиваат. И за момент, гледате дека останувате без тоа што сте го стекнувале 40 години. И само размислувате да ги спасите децата и старите родители.

Ромското момче Мирко од Обреновец, иако и самиот се најде во животна опасност, ги спасуваше неговите најблиски и соседите. Тој со неговите пријатели, на сила ги ставаше во чамци старите кои што одбиваа да ги напуштат своите домови и како што вели, успеал да ги спаси сите.

Големата катастрофа која што го зафати регионот сепак донесе и нешто добро. На помош на настраданите поитаа хумани луѓе од сите земји. Но, веднаш секако, се одѕваа соседите. Така, Словенци, Македонци, Црногорци, па дури и од загрозената Хрватска пристигнуваше помош за Србија и за Босна. Најголема заслуга во спасувањето на животите во Обреновец имаа руските специјалци кои деноноќно ги вадеа луѓето од надојдената вода, не обрнувајќи внимание на опасности.

Дека се големи луѓе, со големи срца покажаа и спортисти и јавни личности, писатели, артисти од цел свет. Голема лавина од реакции предизвика тренисерот Новак Ѓоковиќ кој од Мастер натпреварот во Рим ги повика луѓето да им помогнат на загрозените во Србија, Босна и во Хрватска. Без размислување на повикот му се придружија голем број познати и славни луѓе. Еден од нив е и познатиот музичар Горан Бреговиќ, кој донираше 20.000 евра. Тој 10.000 евра донираше за гратче блиску Обреновец во Србија и исто толкава сума му подари на градот Маглај. Покрај пари, тој донираше и основни намирници.

– Голема трагедија ја погоди Србија, Босна и Хрватска. Во овие тешки моменти апелирам да се поведе сметка, посебно за Ромите, кои се најтешко погодени, рече Бреговиќ и апелираше луѓето да останат обединети и откога ќе се повлече водата.

 

Дека има херои и меѓу малите луѓе докажува и случајот кој многу брзо стана една од главните теми на социјалните мрежи. Кога не можеа да помогнат поинаку, четири млади Ромки отидоа до прифатните центри и се понудија да ги дојат бебињата на евакуираните луѓе. Не обрнувајќи внимание на непријатностите кои што претходно ги доживувале од другите луѓе, тие го понудија тоа што го имаа – храна за малите бебиња.

Ромите и овој пат докажаа дека се дел од земјите во кои што живеат и дека ја делат истата судбина со нив. На секој можен начин докажаа дека се лојални и хумани граѓани. Уплаќаат хуманитарна помош преку официјалните сметки, собираат намирници, се ангажираат како волонтери, се нудат како физичка сила за обнова на сружшените домови, се ангажираат како волонтери.

Луѓето во Србија, Босна и Херцеговина кои се најдоа во неволја засекогаш ќе бидат благодарни на нивните дарители, а посебно радува фактот и храбрата солидарност на граѓаните од земјите кои што некогаш ја сочинуваат Југославија.

 

 

522 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published.