Инфо-точки: Потребно е постојано информирање на Ромките

Info concept
Info concept

Во јули забележан голем број посети на штандовите за информации во Штип, Кочани и во Куманово

 

Вкупно 350 посети имало на штандовите за информации во Штип, Кочани и во Куманово во текот на јули, информираат локалните асистенти во рамки на проектот „Преку засилен глас до подобри здравствени услуги – продолжение”. Тие се задолжени за инфо – точките во трите града, со цел да бидат што поблиску до целната група и да им овозможат информации, одговори на прашања и да дадат насоки за прашањата што заедницата ги поставува.

 

Така, Серџат Идиќ информира дека често поставувани прашања од страна на посетителите биле која е целта на штандот, но, во однос на проблемите на целната група, тој зебележува дека поради немање доволно финансиски средства жените не посетуваат редовно матичен гениколог и не се јавуваат на тромесечната контрола во Скопје која е задолжителна за детално испитување на плодот. За време на штандот во јули Серџат вели дека ромската заедница има потреба од информирање и укажување на правата кои им следуваат.

За време на штандот во Кочани имало околу 120 посетители.

 

Фатима Рамадановска од Куманово забележала дека во јули имала исто толку посети, односно 120. Најчесто поставувани прашања биле за кои прегледи матичниот гинеколог треба да наплаќа, која е вообичаената цена, како може да се промени матичниот гинеколог доколку се незадоволни од неговата работа, колку се задоволни или незадоволни жените од услугите на матичниот гинеколог, во кои случаи доаѓа до прекин на здравственото осигурување. Таа заклучува дека е потребна поголема информираност и постојан контакт со Ромките затоа што имааат голем број прашања, како и дилеми во врска со основните здравстени права на патиентите.

 

Вкупно 110 посети имало на штандот во Кочани во јули, забележува Сабина Асанова.

 

-Од оваа средба со семејствата заклучив дека скоро повеќето од најчесто поставуваните прашања од страна на посетителите се како да добијат бесплатни прегледи. Исто така, беа поставени прашања зошто матичните гинеколози им ги наплаќаат мајчините книшки. Некои од посетителите добиле покана од матичните гинеколози за бесплатни прегледи и паптесет, но кога отишле на преглед прегледот им бил наплатен само ПАП тест зошто им бил бесплатен. Со повозрасните посетители разговаравме за здрава исхрана. Некои посетители ги информирав за имунизација на нивните деца, вели Сабина.

 

2,804 Comments