Инфо – точките отворија многу прашања

info-toc2

Ромската заедница во Куманово, Штип и во Кочани укажа дека не е информирана, ниту знае каде да се обрати да ги оствари нејзините основни здравствени права

 

 

„Кои услуги се бесплатни, а кои треба матичниот гинеколог да ги наплаќа, кои тестови треба да се прават за време на бременоста, кај кого треба да се обратат за бесплатен ПАП тест, како може да се добијат подобри здравствени услуги, колку пати треба да се оди на гинеколог во текот на бременоста, како до матичен гинеколог, зошто и кога се прекинува здравственото осигурување?” Ова се само дел од прашањата кои што Ромки и други засегнати граѓани ги поставиле до инфо – точките што Националниот Ромски Центар (НРЦ) ги отвори во Куманово, Штип и во Кочани, во рамките на проектот „Преку засилен глас до подобри здравствени услуги – продолжение”.

„Од средбата со семејствата заклучив дека некои жени во бременоста посетиле еднаш или два пати гинеколог во текот на целата бременост. Затоа е потребно да ги информираме за редовно посетување гинеколог и исто така, да им ги укажеме нивните права и обврски”, информира Сабина Асанова, задолжена за информирање на ромската заедница на инфо – точката во Штип.info

„Недоволната информираност за контрацептивните средства како и нивното некористење придонесуваат за несакана бременост која најчесто завршува со абортус. Чести се случаите кај младите Ромки кои еднаш годишно се решаваат за абортус”, заклучува од нејзините активности Фатима Рамадановска, задолжена за информирање на ромската заедница на инфо – точката во Куманово. И таа посочува дека потребна е поголема информираност на Ромките за нивните права како пациенти.

„Поради немање доволно финансиски средства бремени жени не посетуваат редовно матичен гениколог и не се јавуваат на тримесечна контрола во Скопје, која е задолжителна за детално испитување на плодот”, информира Серџат Идиќ, задолжен за информирање на ромската заедница на инфо – точката во Кочани.

Инфо – точките се отворија со цел подобро информирање за гинеколошките прегледи и запознавање со правата на Ромките за време на нивната бременост. Проценката на НРЦ се покажа како точна и навремена бидејќи заедницата во овие три града укажа дека не е информирана, ниту знае каде да се обрати да ги оствари нејзините основни здравствени права.

1,699 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published.