Истражување – Македонките добиваат покомплетен преглед почесто од Ромките

Mature doctor making an ultrasound examination to pregnant woman
Mature doctor making an ultrasound examination to pregnant woman

Вкупно беше испитана 91 жена.

 

Во овој дел од истражувањето направено во рамки на реализацијата на проектот „Преку засилен глас до подобри здравствени услуги – продолжение” прикажани се резултатите од компаративна анализа на анализираните варијабли во групата испитанички од македонска етничка припадност и во групата испитанички од ромска етничка припадност. Вкупно беше испитана 91 жена. Така, анализата ги опфати следните категории – здравствено се осигурани 29 (96,67%) Македонки и 57(93,44%) Ромки. И испитаничката од македонска националност и 4-те од ромска националност кои не се здравствено осигурани, изјавиле дека причина за тоа е проблемот со документи. Сите испитанички имаат свој матичен гинеколог, но и покрај тоа, една Македонка оди на приватен гинеколог, а една Ромка воопшто не оди на гинеколошки прегледи.

 

Искуства во однос на гинеколошката заштита во 2014 год.

Сите испитанички биле на гинеколог во тек на последната бременост, и тоа 26(86,67%) Македонки и 49(81,67%) Ромки биле на гинеколог во тек на првите месеци од бременост. Во однос на честата посетеност на гинеколог во бременост, 4 и повеќе пати биле на гинеколог 80% Македонки и 75,41% Албанки.

И Македонките и Албанките како најважна причина за нередовни посети на гинеколог ги истакнуваат немањето доволно пари за транспорт и немање пари ја платат партиципацијата, односно прегледот – 66,67% и 53,33% консеквентно. Македонките почесто од Ромките добиваат покомплетен преглед. На 16,67% Македонки им бил измерен крвен притисок, телесна тежина, им бил направен ЕХО преглед, но и други прегледи кои биле индицирани во тек на бременоста.

Исто така, на 56,67% Македонки и на 31,15% Ромки им била извршена анализа на крвна слика, на урина, им бил земен брис и направен преглед на ЕХО 4Д.

Резултатите од истражувањето покажаа дека Македонките изразиле поголемо задоволство од прегледот кај гинеколог од Ромките. На прашањето Дали информациите што ги добивте од гинекологот Ви беа лесно разбирливи?, потврдно одговориле 86,67% Македонки и 34,43% Ромки. Можност да му поставaт прашања на гинекологот имале 76,67% Македонки а 32,79% Ромки, а воопшто не се задоволни од одговорите на гинеколот 9,84% Ромки и ниту една Македонка.

Македонките се повеќе задоволни од односот на гинекологот (66,67% наспроти 34,43%). Во групата на испитанички од македонска националност 73,33% изјавиле дека се задоволни од услугите на матичниот гинеколог, кој им посветил доволно време, додека тој процент во групата испитанички од ромска националност е 27,87%. Дури 11,48% Ромки изјавиле дека не се задоволни бидејќи матичниот гинеколог се однесувал кон нив со помала почит отколку кон другите жени, а 16,39% сметаат дека причина за тоа е етничката припадност. На прашањето Дали би го промениле својот гинеколог?, потврдно одговориле 6,67% Македонки и 13,11% Ромки.

 

 

1,122 Comments