Излезе од печат Годишниот извештај на НРЦ за 2013 година

NRC logo-2

Национален ромски центар секоја година објавува Годишен извештај во кој транспарентно ги прикажува целите , активностите, како и прегледот на финансиските средства на здружението.

 

„Принципите на работа на НРЦ се транспарентност, партиципативност и учество насите заинтересирани субјекти, одржливост, професионална посветеност и еднаквиможности за сите. НРЦ го поддржува развојот на човечките ресурси со поттикнувањена лични залагања и професионална посветеност, воспоставување нови изајакнување на постојните партнерства и соработки“, со овие водечки принципи започнува годишниот извештај на здружението Национален ромски центар.

Во воведниот говор насловен како Теорија на промени Ашмет Елезовски, Извршен директор на НРЦ истакнува:

izvestaj„Проблемот на Ромите во Македонија е сличен со проблемите на Ромите во Европа и Светот. Има одредени прашања кои не можат да се третираат исто, иако се исти. Ромите од Македонија дадоа придонес во развојот на човековите права во Македонија, но од друга страна ситуацијата наместо да биде подобрена, таа е влошена. НРЦ ќе продолжи да истражува елементи за иден развој и соработка со што ќе се направи значаен и ефикасен придонес кон остварување на заеднички, независни цели, како што се искоренување на сиромаштија, борба против дискриминација, слобода на говор и движење, еднаков пристап до образование, загарантирани социјални здравствени права… “

По приказот на составот, овластувањата и задачите на Управниот одбор следува и приказот на човечките ресурси и структурата на организацијата.

Во однос на програмите, членовите на здружението истакнуваат дека Програмите се срцето на организацијата. Тие ги насочуваат чекорите на здружението кон позитивни промени во животот на целната група.

Проектните активности на НРЦ се претставени преку нивните цели, генерален опис и активности.

По приказот на активностите на здружението во медиумите, следува и прегледот на билансот на финансиските средства за период 01.01.2013 до 31.12.2013, како и извештајот на независниот ревизор.

Членовите на НРЦ се надеваат дека годишниот извештај ќе ве мотивира да дадете ваш придонес во подобрување на ситуацијата на Ромите.

 

1,141 Comments