Извештај: Ромите со послабо здравје од просекот

DSC_0051

Иако често беше докажано дека Роми се соочуваат со силна дискриминација, насилство и социјална исклученост, новиот извештај финансиран од Европската Комисија исто така открива дека сето тоа генерално има негативно влијание на нивното здравје.

 

Извештајот за здравјето на Ромите (http://ec.europa.eu/health/social_ determinants/docs/ 2014_roma_health_report_en.pdf) ги повикува како меѓународните агенции, така и владите да покренат акции за заштита на здравјето и благосостојбата на Ромите. Студијата покрива 28 земји членки на ЕУ, но и Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија, со посебен фокус на земјите со голем број мигранти Роми, како Бугарија, Хрватска, Чешка, Франција, Грција, Унгарија, Италија, Романија, Словачка, Шпанија и Обединетото Кралство.

Комисијата вели дека ромската заедница во Европа страда од дискриминација и како последица на тоа се соочува со препреки поради кои не може да дојдат до добар квалитет на домување, здравствена заштита и образование.

Во истражувањето, една третина од ромските испитаници, на возраст од 35 до 54 години рекле дека здравствените проблеми со кои што се соочуваат го ограничуваат извршувањето на нивните дневни активности. Околу 20 проценти од испитаниците немаат здравствено осигурување, а 66% рекле дека не може да си дозволат лекови на рецепт.

Извештајот исто така покажува дека постои доказ кој покажува дека ромската популација има значително пократок животен век во споредба со не-ромската популација. На пример, во Австрија, регионалните пресметки покажале дека нивото на смртност кај Ромите на регионално ниво е 14% поголем во споредба со остатокот од државата. Високиот степен на доенечка смртност кај Ромите исто така е набљудувана во Бугарија, Словачка, Унгарија и во Чешка.

Иако нема систематични извештаи со податоци за здравствената состојба на Ромите, постојат докази кои посочуваат дека Ромите во Бугарија, на пример, се посебно ранливи на сипаници и на хепатитис А, Б и Ц. Високо ниво на заболени од ХИВ се забележани меѓу Роми кои се социјално исклучени, како пензионери, зависници од дрога и кај проститутки.

Во 2009 година, епидемија на сипаници во Бугарија покажа дека од 24,047 лица, 89,3% биле Роми, а 22 од 24 починати биле Роми.

„Ромската популација во Европа е со послабо здравје од тоа на не-ромската популацијаˮ, посочи Европската Комисија во извештајот. „Бидејќи постојат податоци и докази за социјалната и економската исклученост, се уште нема податоци за дискрепанците помеѓу податоците за здравствениот статус на Ромите, кои би помогнале да се разбере целосната ситуација во која тие се наоѓаатˮ.

Текстот е преземен од Еурактив: http://www.euractiv.com/sections/health-consumers/roma-poorer-health-condition-average-report-308311

 

199 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published.