Како до подобар живот?

shining_sun-2277

 „На Ромите треба да им се укаже дека со редовен работен однос ќе имаат повеќе бенефиции во животот и поголема шанса за стекнување на правото на пензија“, смета Дулбер од Штип

Подобро образование и вработување се решенијата за подобар живот на Ромите во Македонија. Вака размислуваат повеќето од нив што ги анкетиравме по случаен избор. А, за да се постигне тоа, според дел од граѓаните, решението е во ромските лидери кои може да го постигнат тоа доколку се доследни во својата упорност за напредок на Ромите во земјата.
Еве на пример, како размислува 53-годишниот штипјанец Абаз.

„Најдобро е да се работи на зголемување на свеста на ромското население бидејќи ако се продолжи со ова темпо, нема да се стигне до никаде. И затоа, треба да се вложи труд во образованието на ромските деца кои моментално учат, да се задржат истите во училиште, да го продолжат образованието во средно и во високо образование. Потребно е искоренување на малолетните бракови бидејќи тие се голема пречка за продожување на образованието“.

Неговата сограѓанка Дулбер (56) вели:

„За подобрување на животот на ромската заедница и за намалување на сиромаштијата и на социјалните случаи потребна е поголема работна ангажираност, бидејќи голем дел од нив живеат од сезонски работи. Така, тие имаат повеќе слободно време и не сакаат да бидат ангажирани по осум часа дневно. Затоа, треба да им се укаже дека со редовен работен однос имаат повеќе бенефиции во животот, поголема шанса за стекнување на правото на пензија и слично“.

Прилепчани пак, со кратки, но со конкретни одговори. Многу од нив големи надежи за подобрување на животниот стандард сé уште полагаат на државните институции, поточно на Министерството за труд и социјална политика (МТСП).
Така, Тефик на пример смета дека со доследно спроведување на социјалната програма на МТСП, како и со нејзино дополнување. Ердован пак, вели дека Ромите треба да имаат добар лидер и тој лидер да се зазема, односно што повеќе да се интересира за подобрување на состојбата на Ромите.

Мнозинството Роми од Куманово што случајно ги сретнавме и ги прашавме дали тие имаат конкретни решенија за тоа како да се подобри животниот стандард на Ромите во Македонија сметаат дека чарето е само во вработувањето.
Еве што предлага Селадин Д.
„Владата да склучи договори со поголемите приватни фирми тие да може да вработуваат Роми, а компаниите да добиваат некакви бенефиции за секој вработен Ром/Ромка“.
Алириза Демировски од Куманово смета дека „сите Роми сме социјални случаеви и невработени. Ќе треба да има некакво вработување и така да се подобри нашата ситуација.“
Ибраим Мамутовски исто така вели дека е „потребно вработување и дека Владата ќе треба да превземе нешто не само за нас Ромите, туку за сите што се социјални случаеви“.

984 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published.