Колку е “скапо” да си трудница во денешно време?!

Значи една трудница за осум месеци треба да издвои најмалку 1000 евра

 

500 евра за витамини и уште повеќе за прегледи и евентуални превентивни вакцини. По редослед процедурата оди вака: Кога гинекологот ќе ви соопшти дека ќе бидете мајка, веднаш следува и пропишувањето на терапијата која наводно мора да ја прима секоја трудница. Но, како што реагираат трудниците, ниту еден од овие лекови не оди на рецепт. Значи на почеток почнувате со апчиња кои содржат фолна киселина. Уште на самиот почеток одите и на ПРИСКА (наводно неопходно тестирање за евентуални проблеми со плодот),  за која исто така плаќате партиципација (во услов да закажете на Гинекологиа)..на приватно е 3500 денари. Мора да направите и РХ фактор и ако е негативен добивате две вакцини кои чинат 7000 денари. Потоа на ред доаѓаат витамините и ако имате среќа ќе ви ги препорачаат тие од 350 денари кои мора да ги пиете секој месец. Поскапите и наводно подобрите чинат и 1000 денари. Задолжително магнезиум кој се движи од 250 до 650 денари… Потоа сирупи и течности за хемоглобин и железо.

Секако овде не се вклучени и прегледите кај матичен гинеколог кој по правило иако не треба да бидат наплатувани во 80 отсто од одринациите чинат по 300 денари. Или 600 денари пакет со земање на крвна слика. Дополнителни трошоци се евентуални крварења или други проблеми во бременоста кои чинат плус пари.

Значи една трудница за осум месеци треба да издвои најмалку 1000 евра…

Некои гинеколози кои ги контактираше zdravstvo24, велат дека мора да ги почитуваат протоколите а на трудниците останува дали ќе ги пијат тие витамини или не…

 

Текстот е преземен од  www.zdravstvo24.mk

 

Leave a Reply