Концентрациониот камп кај Lety u Písku – украдена историја

1-800x600

Истребувањето на 90 проценти од ромската популација во Чешка за време на Втората Светска Војна нема еквивалент со ниедна друга земја во светот. Како можеше тоа да се случи?

 

© Маркус Папе, новинар и истражувач на човекови права, со седиште во Прага

 

Pape mit tschechischem Premie r und Parlamentspr‰sident Ausstellungserˆffnung im Prager Abgeordnetenhaus 6 6 2005Чехословачка беше една од првите европски земји која беше окупирана од Хитлеровата Германија. Набргу по инвазијата на Прага од страна на германската војска, на почетокот на март 1938, чехословачката влада донела декрет за основање на логори за принудна работа. Во новооформениот протекторат на Бохемија и Моравија, нацистичките функционери добивале листи со имиња на целокупната ромска популација од страна на чехословачките функционери. Во 1927 чехословачката влада наредила со закон сите Роми и „луѓе кои живеат на ромски начин” да се регистрираат одделно.

 

Кога логорот во селото од јужно Бохемскиот регион Лети во Писек бил отворен во летото во 1940 година, тој служел како работен логор за возрасни мажи кои биле сметани за „мрзливи”. Времетраењето на нивната затворска казна била најмногу шест месеци. Во јули 1942, декрет од генералниот командант од полицискиот протекторат го трансформирал објектот во концентрационен логор за ромски семејства на неодредено време.

 

Жртви на жртви

 

Иако немало изрични наредби да се убијат затворениците, командата на логорот направила сè што може за да го намали високиот број на затвореници со влошување на нивните животни услови, заддршка на храна, греење и медицинска нега. Официјално, 1309 луѓе биле затворени во таканаречениот „ромски логор”. За девет месеци умреле најмалку 319 луѓе, меѓу нив 241 дете.
Ова покажува дека приоритетот на логорот била работната сила и дека децата не биле од корист. Иако командирот на логорот имал овластување да ги премести болните, повредените или затвореничките со поодмината бременост во блиската болница во Писек, тој ретко го правел тоа. Според преживеаните, децата на затвореничките биле удавени во езерото кое било блиску до логорот. Во случај на обиди за бегство од затворот, на стражарите им било наредено да пукаат. Преку 500 преживеани од логорот биле депортирани во истребувачкиот логор во Аушвиц – Биркенау.

 

1-800x600По крајот на Втората Светска Војна историјата на логорот во Лети беше внимателно прикриена од комунистичката влада. На никој од осомничените за сурови злосторства во логорот не му беше судено. До 1994, кога американскиот генеолог Пол Полански случајно пронашол документи за логорот во регионална архива и ги објавил резултатите од неговото истражување во САД, речиси никој не знаел за постоењето на логорот и судбината на затворениците. Тогашната влада тврдела дека сите жртви од логорот умреле од абдоминален тифус (кое не одговара со податоците од смртниот регистар) и дека никој од преживеаните веќе не е жив – но Полански пронашол десетици преживеани и ги објавил нивните усни истории1. Во мај 1995, чешкиот претседател Вацлав Хавел откри мал споменик кај масовните гробници до местото на поранешниот логор, но не ја повика владата да ја премести фармата за свињи која била изградена за време на комунизмот и сéуште работи. Книгата И никој нема да ти верува (A Nikdo Vám Nebude Věřit…), објавена во 1997, ја откри историјата на логорот и беше поврзана со кривичната жалба под сомнение за геноцид, што беше поднесена од страна на 20 интелектуалци од различни етнички потекла2.

 

Прикривање на историјата

 

Од тогаш перцепцијата за историјата на кампот, од страна на чешкото и ромското општество, се менува полека, но сигурно. Десетици национални, како и меѓународни институции и невладини организации заедно со потомците на преживеаните, ја повикаа чешката влада да ја замени свињската фарма со соодветен споменик. Во 2005 и 2008 година Европскиот Парламент го направи истото со резолуција3. Во мај 2014 година, за прв пат, чешкиот премиер му се приклучи на спомен актот кај масовните гробници во Лети, организиран од Роми секоја година од 1997.

 

Причините за прикривањето на Лети, кое траеше со декади, се разни и нема доволно простор да се дискутира овде. Во повеќето историографии, етничките Чеси, како и многу други „мали“ европски етникуми, досега се презентирани како „вечни жртви“ на поголемите странски сили, а не како извршители на злосторствата. Лети го докажува непријатниот факт дека ова не е секогаш така.

 

 

[1] See also: www.youtube.com/watch?v=7xmMQcRJh-Q

[2] See also: www.errc.org/article/book-review-nikdo-vam-nebude-v%C4%9B%C5%99it–markus-pape-gplusg-publishers-prague-1997/38

[3] www.geschichtswerkstatt-europa.org/media/projekte/brochure_0115_s.pdf

2,342 Comments