КУМАНОВСКИТЕ ЛЕКАРИ БАРААТ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА ДВОЕН БЕНЕФИТ И ЗА ЛЕКАРИТЕ И ЗА ПАЦИЕНТИТЕ

lekar

Бројни законски измени бара здружението на приватни матични лекари од Куманово, со кои велат, доколку се донесат ќе се подобри работата на лекарите, а и пациентите ќе имаат бенефит.Писмото со барањата неодамна е доставено до Министерот за здравствство Арбен Таравари и до Министерството за здравство.

Приватните лекари од Куманово бараат одредени измени меѓу нив пререгистрација на пациентите и лиценцата на лекарите на име на приватната здравствена установа, додавајќи дека на овој начин, пациентите штедат на  време и се добива поголема можност за едукација на пациентите.

„Јас се надевам дека овој министер, кој по дванаесет години е прв министер од фелата, со долгогодишно искуство и во Клиниката и во примарната здравствена заштита, ќе увиди дека барањата се реални.Во примарната заштита бараме пациентите да се пререгистрираат на здравствената установа, исто така и лиценцата на докторите да биде на име на здравствена установа.Ова барање произлегува, од фактот што голем број матични лекари заминуваат на специјализација во странство и голем број пациенти остануваат без матичен лекар, па не можат да ги примат ниту во болниците, ниту во секундарното, ниту во терцијарното здравство“-изјави, координаторот на здружението на приватни матични лекари од Куманово, доктор Фатмир Асани.

Screenshot from fatmir za ANU.mp4

Тој објаснува дека при пререгистрација на пациентите се губи време и лекарите се занимаваат со оваа процедура, наместо да поставуваат дијагноза, да препишуваат лекови и најважното како што вели, пропуштаат да ги едуцираат пациентите.

„Должни сме да ги едуцираме пациентите за нивната болест, да им објасниме како да ја примаат терапијата, да ги информираме детално за нивната болест.Токму, поради овие пречки, слободно можам да кажам дека во Македонија има добри лекари, но слаби едукатори“- додава Асани.

Од здружението бараат лековите кои ги препишуваат да бидат или на парче, по број или да се зголеми бројот на лекови во пакувањето.Со сегашната законска регулатива, објаснува лекарите препишуваат терапија само за половина месец или дваесетина дена, па така и лекарите и пациентите губат време, одејќи кај матичните за препишување лекови, а потоа и дополнително време, талкајќи по аптеките.

„На пациентот му пишуваме терапија за еден месец, а не за 20 дена треба да препишуваме со две до три кутии, Фондот за здравствено ни го дозволува тоа, но пациентите не можат да ги набават лековите во аптеките.Бараме  или да се зголеми бројот на таблетите во пакувањето или да можеме да го препишуваме лекот, по број  на рецепта за да пациентите не губат време одејќи кај матичните лекари“-изјави Асани.

Приватните матични лекари од Куманово бараат, покрај генеричкото име на лекот, да стои и фабричкото име на одреден лек, бидејќи, се случува пациентите да имаат ист лек со различно име и поради забуна да ги пијат во истовреме, со што си предизвикуваат одредени здравствени проблеми, најчесто со желудникот, но понекогаш се случуваат и фатални грешки.

„Има пациенти кои дома имаат исти лекови со различно име и ги пијат сите. Прават фатални грешки може да дојде до крварење, разчини проблеми.Старите луѓе пак имаат специфични барања, на пример секогаш бараат лек на кој се навикнати, ако се смени кутијата не го пијат, го враќаат, бидејќи се плашат да пијат, можеби е добра особина што го бараат истиот лек, бидејќи само така може да знаат што лекови примаат и на овој начин се заштитуваат“- објаснува Асани.

Кумановските лекари бараат укинување на казните кон лекарите, зголемување на квотата за препишување на лекари, со кои велат, ќе се излезе во пресрет на пациентите.

„Бараме под итно да прекинат сите казни на лекари од банални причини да се зголеми квотата.Се случува ако ја надминеме квотата на годишно ниво ни пристигаат казни од Фондот.Ниту сме виновни, ниту можеме да им кажеме на пациентите дека не можеме да им препишеме лекови, бидејќи квотата се исполнила.Во здравството не се знае како ќе се одвиваат работите ,никој не може да планира како ќе биде за една година“-додава Асани.

Здружението на приватни матични лекари од Куманово бараат целосно искористување на електронските картички, побрзо издавање на нови.Министерството, велат треба да ги следи примерите од начинот на функционирањето на овој систем во европските земји.

„Што се однесува за електронската картичка, кога ги правиме трошиме многу пари и ние и пацинтите тоа се надеваме дека ќе се отфрли како што е во повеќе европски земји.Бараме да нема хартија, да нема рецепт упат, туку се да пишува во самата електронска картичка и директно во аптека да се чита во програмот што напишал лекарот, да се следи примерот како што е во Германија.Во моментов кај нас сега уште се употребува и хартијата и картичката“- вели Асани.

Од здружението на матичните лекари, бараат да се забрза издавањето на картичката.Кумановските лекари, очекуваат од министерството да ги разгледа овие барања и да се консултира со нив и да се преземат мерки за измена и усвојување на барањата.