Мајчиното здравје треба да се фокусира повеќе на девојките

Лондон (Thomson Reuters Foundation) – додека Владата дебатира за нова агенда пред истекувањето на Милениумските Развојни Цели (MDGs), треба да се посвети внимание на здравствените потреби на адолесцентните мајки, рече Christy Turlington Burns

 

По нејзината панел дискусија на Trust Women conference во Лондон, таа зборуваше за агендата после 2015 и за исходите при дискусија за мајчино и женско здравје.

При вашата работа на мајчино здравје, што научивте за ненамерните последици од полисите кои би биле применливи за дизајнирање на поефективни цели по 2015?

Една од работите за кои сум загрижена е лоцирањето на репродуктивните права во здравствена категорија бидејќи ги ограничува. Во 5-тиот Милениумски Развоен Цел за подобрување на мајчино здравје има цел А и цел Б. Цел А е да се подобри мајчиното здравје и да се намали смрт при пораѓање. Цел Б е да се направи универзален пристап до здравствена грижа. Б е целта која секогаш се прескокнува.

Малку потешко е репродуктивното здравје да биде фокус. Треба да се сврзува со други работи како на пример еднаквост и образование. Ваква комбинација води до полесен пристап до здравствена грижа, репродуктивни права и се друго. И не знам каде одиме со агендата за пост 2015. И колку и да ги критикуваат милениумските цели, мислам дека е направена добра работа при поставување на основа за обединување на 8 различни прашања, преплетувајќи ги така што луѓето да имаат смисла за нив.

Што би сакале вие да видите како дел од агендата за мајчино здравје, пост 2015?

Поголемо внимание на адолесцентните девојки. Мислам дека кога се зборува за мајчино здравје постои претпоставка дека тоа се возрасни жени, мажени или не. Шеесет проценти од смрт при породување се девојчиња од 15 до 19 годишна возраст. Иако се разговара за нив, сепак тие не се претставени. Тие не се деца. Тие не се мајки во класична смисла. А сепак тие се оние што ги губиме. Тие немаат пристап до голем број на сервиси, било во САД или други земји.

Споменавте дека поранешната сомалиска политичарка Edna Adan Ismail направила полиса за планирање на семејство, за која сметате дека е важна. Ќе може ли да пообјасните?

Таа зборуваше зошто планирањето на семејството се врти околу жените. Таа рече дека во Сомалија „не зборуваме за планирање на семејство туку само викаме ‘spacing’, да го натераме мажот на планирање велиме „вашата жена штотуку го доби шестото дете, имаше царски рез и ќе и треба време пак да забремени“. Семејното планирање како преведена реченица или фраза не е доволно флуидно, не е доволно флексибилно.

 

Leave a Reply