Мерки за намалување доенечка смртност

bebe

Иако на состанок во декември 2012 година се донесени 10 заклучоци, досега во пракса не е реализиран ниту еден

 

Со цел да се намали процентот на доенечка смртност и да се најде решение за тоа, преку координација на сите креатори на здравствените политики во земјата, претставници на Здружението на гинеколози на Република Македонија во декември 2012 година се сретнаа со претставници на Секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство. Гинеколозите проблемот го лоцирале во сите три сектори – Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и Министерството за труд и социјална политика.

На тој состанок се донесени вкупно 10 заклучоци: (http://ginekologija.com.mk/images/Dule/zapisnik%20ginekolozi.pdf).

Зголемување на бројот на регистрирани жени во репродуктивниот период кај матични гинеколози преку информативни кампањи, спроведување едукативни кампањи за жените во репродуктивен период во однос на антенаталната грижа и здрави животни навики пред и за време на бременост (со фокус на заедниците кои покажуваат загрижувачки индикатори по однос на здравјето на мајката и детето) се дел од тие заклучоци. На состанокот исто така било заклучено дека треба да се подигне важноста на патронажната служба како важен чинител во антенаталната грижа и нејзин поголем ангажман и постојана едукација на патронажните сестри, отворање и повторно воспоставување Центар за репродуктивно здравје, каде би се водела медицинска статистика и би се собирале, обработувале и анализирале податоците за перинатална грижа (квалитет на услуги и индикатори за перинатално здравје на примарно, секундарно и терциерно ниво). Понатаму, како заклучоци било донесено и ревизија на протоколите, намалување или укинување на партиципацијата за анализи во тек на бременост, зголемување на капитацискиот бод за бремената жена за гинеколозите, во вредност од најмалку 10 денари. Како и координација помеѓу матичните гинеколози и Комисијата за конзилијарните мислења кое таа го издава за патолошко продолжување на бременоста, ограничување на избор и промена на матичен гинеколог во тек на една година, а со цел зачувување на достоинството на гинеколозите и правата на лекарите и повторна актуелизација на регионализацијата на породилиштата низ Македонија.

Но, од Здружението на гинеколози на Република Македонија велат дека и по четири месеци од состанокот, во пракса не е реализиран ниту еден од донесените заклучоци.

1,748 Comments