Министерството за здравство и НРЦ во иста линија

Со носењето на Акцискиот план за намалување на матернална, перинатална и доенечка смртност за 2013 – 2014 година, Министерството за здравство е во линија на целите на проектот на НРЦ – „Преку засилен глас до подобри здравствени услуги”.

 

Целите на проектот „Преку засилен глас до подобри здравствени услуги” се најдоа во линија со намерите на Министерството за здравство на Република Македонија. Здружението Национален ромски центар (НРЦ) од Куманово како организација која го спроведува овој редок проект за застапување за здравствени права во Република Македонија и Себихана Скендеровска, како координатор на проектот испратија писмо до Министерството за здравство, со намера со заеднички сили да се обезбедат пари од државата со што сите социјално – загрозени жени во репродуктивен период, на возраст од 15 до 49 години да се ослобат од партиципативните трошоци за антенаталните прегледи.

Министерството за здравство возврати со одговор, кој е во линија на целите на проектот на НРЦ, со носењето на Акцискиот план за намалување на матернална, перинатална и доенечка смртност за 2013 – 2014 година.

„Министерството за здравство во насока на континуирано подобрување на пристапот кон здравствената заштита на сите жени во Република Македонија, како и намалување на доенечката и матерналната смртност донесе и усвои на седница на Владата на Република Македонија, Акционен план за намалување на матернална, перинатална и доенечка смртност за 2013 – 2014 година, во кој е предвидено ревидирање на националните клинички упатства за антенатална грижа и разгледување на можностите за ослободување од партиципација за здравствени услуги во текот на бременоста согласно протоколот за антенатална грижа за социјално загрозени групи жени – невработени, приматели на социјална помош и вработени со плата пониска од просечната плата”

Писмото на Министерството за здравство до НРЦ и до тимот на проектот во целост може да го прочитате тука:

http://static.nationalromacentrum.org/zdravstvo/edno-rubrika-dokumenti/0804-215-1-pismo-MZ.pdf

 

Leave a Reply