Мониторинг на политиките за здравствените права во следните 12 месеци

foto-b2

Ќе влеземе во заедницата.Ќе соработуваме со давателите на услуги и постојано ќе се стремиме за подобрување на репродуктивното здравје, намалување на деонечката и мајчината смртност преку мониторирање на пристапот до квалитетни и загарантирани антенатални, перинатални и постнатални здравствени услуги за Ромките и за економски ранливите жени во државава.

 

Пишува Себихана Скендеровска, координатор на проектот Преку засилен глас до подобри здравствени услуги за жените Ромки – продолжениеˮ

 

 

Низ информативна кампања која ќе се реализира директно во заедницата која е една од нашите целни групи ќе биде нашиот глас кој ќе информира за сексуалните и репродуктивни права. Проектот „Преку засилен глас до подобри здравствени услуги за жените Ромки – продолжениеˮ е активност која националниот Ромски Центар ќе ја реализира во следните 12 месеци. Како на национално ниво, така и интернационално ниво. Тимот на НРЦ ќе се стреми за континуран и еднаков пристап до здравствена заштита за Ромките и за социјално ранливите жени во репродуктивен период.

Ќе влеземе во заедницата.Ќе соработуваме со давателите на услуги и ќе работиме на пристапот постојано да се стремиме кон подобрување на репродуктивното здравје, намалување на деонечката и мајчината смртност преку мониторирање на пристапот до квалитетни и загарантирани антенатални, перинатални и постнатални здравствени услуги за Ромките и за економски ранливите жени во државава.

Така, ќе организираме информативни точки во Куманово, Кочани и Штип, на места кои што ќе бидат достапни за граѓаните заинтересирани да слушнат и да научат за своите права и да ги искористат во своја полза како еднакви граѓани во Република Македонија.

Со докази од терен, според однапред осмислена методологија од група на експерти, ќе се обидеме да ја покажеме реалната ситуација од терен токму на луѓето кои донесуваат одлуки и кои имаат влијание да направат промени.

Нашиот засилен глас ќе биде упатен и кон донесувачите на одлуки како и давателите на услуги за сексуално и репродуктивно здравје, сѐ со една цел – да им се овозможат основни здравствени права на оние на кои им се најпотребни.

Потребна е волја од нивна страна, како и заедничко делување, за да се постигне една единствена цел – да се намали доенечката и мајчината смртност.

Еднаков пристап до превентивни здравствени услуги за жени во репродуктивен период кои имаат проблеми поради финансиски потешкотии е итна потреба во време на економска криза, чии жртви се најслабите –новороденчињата. Превентивата отсекогаш била и ќе остане, економски најисплатливо решение за секој здравствен систем во споредба со куративата која секогаш е поскапа. Здравственото право е основно човеково право исто како што е правото на живот.

Македонија како демократска држава, има закони со кои ги заштититува своите граѓани во областа на здравствена заштита и сексуалното и репродуктивно здравје. Но, за жал, сѐ уште недостасуваат механизми за имплементација и одржлива и постојана финансиска рамка. Поради тоа, група на граѓани не можат да го остварат своето основно граѓанско право, а тоа е правото на пристап до здравствена заштита. Токму поради ова, ќе правиме мониторинг на Програмата за Мајки и деца која минатата година имаше предвидено, бесплатни превентивни услуги за Ромките и за економски загрозените жени во репродуктивен период.

Во период од 2015 до 2017 година државата на национално ниво да воспостави еден одржлив систем за здравствена заштита за Ромките и за социјално ранливите категории жени кои што се во антенатален период и вкупно 80% од бремените жени во трите града каде што ќе се спроведува проектот да бидат информирани за нивните права и за тоа кои се бесплатните антенатални прегледи на кои тие имаат право да ги користат. Ова се резултатите кои се очекуваат да се постигнат во рамките на продолжението на проектот „Преку засилен глас до подобри здравствени услуги за жените Ромкиˮ.

837 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published.