Награда за интеграција на Ромите

nagrada

Во натпревар од над стотина проекти од седум земји проектот на НРЦ беше номиниран како еден од најдобрите проекти за интеграција на Ромите во потесна конкуренција од 21 проект

 

image-Минатата година на 4-ти Април за време на Вториот Ромски Самит кој се оддржа во Брисел, Генералниот директор Даниелсон објави конкурс за „Награда за интеграција на Ромите”, со цел да се зголеми видливоста на невладините организации како и предизвиците со кои се соочуваат во земјите кандидати за членство во ЕУ. Со овој процес Европската комисија сакаше да покаже колку го цени придонесот на граѓанскиотсектор во остварувањето на фундаменталните права на Ромите.

Национален ромски центар аплицираше на конкурсот со проектот „Преку засилен глас до подобри здравствени услуги” чија генерална цел е промоција и еднаков пристап до здравствени услуги за жени во репродуктивен период и застапување за прогресивна реализација на правото на здравје на жените.

fb_20141001_21_42_27_saved_picture_of_roma_integration_awardsВо натпревар од над стотина проекти од седум земји: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Турција, Косово и Албанија,проектот на НРЦ беше номиниран како еден од најдобрите проекти за интеграција на Ромите во потесна конкуренција од 21 проект. Како номинирана организација,НРЦ учествуваше на студиска посета во Брисел, организирана во рамките на проектот People to People (P2P), компонента на ТАКСО проектот.На студиската посета имавме можност да размениме искуства од нашата работа со повеќе ромски интернационални организации кои работат на промоција на правата на Ромите и да учествуваме на РомАкт конференцијата организирана од страна на Европската Комисија. На 1 Октомври беше организирана церемонија за доделување на наградите каде што се организираше изложба на фотографии DSC_0764-„Не гледај од долу кон мене”. НРЦ доби статуета како еден од номинираните проекти за наградата. Иако проектот на НРЦ не беше награден, сепак значењето да се биде помеѓу 21 номинирана организација во натпревар со над стотина проекти дава голем поттик во имплементирањето на идните активности.

Од Македонија, наградата за најдобар проект за интеграција на Ромите му припадна на здружението „Амбрела“.

Детален извештај за студиската посета и церемонијата можете да го видите на следниов линк

http://tacso.org/doc/doc20141013_roma_integration_report.pdf

 

 

1,351 Comments