Навремени прегледи на колкчињата-инвестиција за плоден и успешен живот

22642001_749116701942067_979839822_o-800x600

Ортопедските прегледи кај новороденчињата се задолжителни и многу важни за правилниот раст и развој на детето, објаснуваат ортопедите од кумановската болница.Ортопедите препорачуваат два прегледи до период од шест месеци.Прегледите се достапни и задолжителни, воведени во Националната скрининг програма.

Младата Габи Сулејмановска со нејзиното новороденче стрпливо чека во амбулантата на ортопедија.Ова е прв преглед за малото момче.Дежурниот ортопед и објасни дека се е во ред со бебето и закажа нов преглед за наредните месеци.

„Некои работи не ми се јасни, околу начинот на повивањето на бебето.Докторот објасни како треба и ќе ги следам советите кои ми ги кажа.Во минатото во мојата фамилија, неколку мои братучеди носеа апартчиња и малку ми беше страв, ама еве сега по прегледот ми олесна“-рече Сулејмановска.

Стручните лекари објаснуваат дека последниве години има тренд на драстично намалување на вродените аномалии на колковите кај новороденчињата.За пет години, доктор Стефан Трајановски, ортопед од кумановската општа болница дијагностицирал вродена лабавост на колкчиња само кај пет новороденчиња.Ова пореметување се надминува со конзервативен ангажман.За овие години тој дијагностицирал само еден случај на вродено поремување во анатамоскиот развој на колкот , кој е пратен на понатамошен третман на Клинички центар Скопје.

22711876_749116648608739_2087926034_o-800x600

„Косово, Македонија, југот од Србија некаде до средина на 80-тите години беа ендемични подрачја со многу зачестена појава кај новороденчиња со ова пореметување.Сега овие пореметувања се сведени на минимум што се должи на менување на традициите и едукацијата кај населението“-изјави Трајановски.

Таа зачестена појава, специфичност која се одредува по географската линија токму на подрачјето на овие региони и држави, односно вроденото исчашување кај нас е искоренета со воведување редовни скрининг тестови, со ехо прегледи , редовни кличнички прегледи на колкчињата кај новороденчињата и донечињата.Воведувањето на овие прегледи им озвоможува на лекарите уште во рана, доенчика возраст да утврдат лабавост или исчашеност на зглобот.

„Ако се утврди навремено дека колкот уште во рскавична анатамомска структура и сврзно тквио мускулни елементи, а тоа е до деветмесечна возраст тогаш има простор да се приомени конзервативен третман за надминување на оваа појава .На овие простори се искорени традиционална појава на повивање бебчиња со споени коленца.Спојувањето на коленцата со повивањето предизвикува притисок кој што пак предизвикува тенденција на исчашување на колкот .Она што беше традиција, новороденчињата да се повиваат со споени коленца е нефизиолошка позиција која може да предизивика исчашување на колкчето“-обајсни Трајановски.

Тој објасни дека се разликуваат три вида на пореметување, лабавост, делумна исчашеност и исчашеност на зглобчето.Најчесто , пореметувањата се јавуваат до двомесечна возраст и то на едното колке, обично левото кое според ортопедите, многу полесно се третира во однос на десното кое поретко се јавува , но е потешко за лекување.Пореметувањата почесто се јавуваат кај девојчињата.

„Пореметување кое најчесто се појавува во чашката на зглобот, кој има неправилна анатамоска структура се мерат при ехо преглед согласно параметрите, по агли, на индекс на ацетабулумот, во поглед на препокриеноср на главата на бутната коска со чашката. Доколку препокриеноста е мала и нема добар агол на препокриеност , имаме зглоб со тенденција на исчашување, тоа со клинички и со ехо преглед може да се утврди навремено, што порано тоа подобри. Имаме форми на лабавост, делумна исчашеност и форми акде што зглобот на новороденчето е исчашен“-објаснува докторот.

Сепак, нагласи дека можно е како ризик фактор да се јави и генетската предиспонираност.Лекарите објаснуваат дека и лабавоста на зглобовите може да е и последица на присутноста на хормноните од мајката .

Соодветниот преглед, соодветната едукација се клучни велат лекарите.И при одредени пореметувања, за новороденчето се препорачува соодтвена позиција на зглобчињата при повивање на бебето.Тешките форми на вродено развојно пореметување на колкот , значајна лабавост со делуман исчашеност се многу ретки .

„До средината на осумдесетите и почетокот на деведесетите почнува да се воведува редовен скрининг преглед задолжително за сите новороденчиња и со соодветна едукација на младите родители со упорна работа, свеста кај народот е значајно сменета веќе не се среќаваат бебиња кои се повиени како лебчиња“-раскажува Трајановски.

Првиот преглед, според ортопедите треба да биде по вториот месец, најдоцна до четвртиот, вториот најдоцна до шестиот месец, така што со овие две контроли во таканаречениот златен период, обајснува Трајановски, кога евентуалните аномалии можат да се лекуваат на конзервативен начин односно со начин на наповивање. Ако навремено се детекрир, пореметувањето, со конзервативниот третман овоможува правилен развој на индивидуата, која расте здрава личност со плоден живот која придонесува за развој на заедницата и за себе лично.

„Ако навремено не се детекрира се лекува задоцнето, опретивно тогаш има шанси за дефекти на колкот, кои ги ограничуваат движењата на личноста, таа се соочува со болки,инвалидитет кој може да се корегира со скапи операции, но остануваат трајни последици за целиот живот“-додава Трајановски.

Затоа, навремените прегледи на колкчињата се мошне значајни за идниот развој на новороденчињата во здрави, плодни, креативни личности.