НЕДОСТИГААТ ЛЕКАРИ ВО КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА

1-1-800x600

Кумановската болница која покрива регион со приближно 200.000 жители се соочува со недостиг на лекари.Проблемот го потврдуваат и надлежните од јавната здравствена установа.Речиси и да нема одделение каде нема доволен број лекари.Дел од нив се пред пензионирање, што дополнително го усложнувапроблемот.Неодамна општата болница доби нови дирекор, Снежана Захариева, која долги години работи како анестезиолог.Таа објаснува дека е свесна за овој проблем, кој вели е загрижвачки.Во кумановската болница има 75 лекари специјалисти, но за да функционира оптимално, потребни се дополнителни педесетина лекари.Со поголем број вработени лекари ќе се растеретат дежурствата, а пациентите ќе добијат соодветна здравствена услуга.

Проблемот со недостигот на лекари е што дел од персоналот последниве години заминваше да работи во приватното здравство, а дел заминаа во западно-европските држави.Лекарка, специјалист од Куманово, вели дека интензивно го изучва германскиот јазик, и се надева дека ќе има можност да најде вработување во таа држава.Дел од нејзините помлади колешки веќе се таму и се надева на нивна поддршка.

„Прв проблем кој мора да се реши во болницата е недостигот на лекари и воопшто кадровската екипираност.Можеби некому ќе му звучи дека тоа не е приоритет, меѓутоа, бадијала се и скапите машини и апаратури кои што ги имаме, ако нема стручен персонал кој што ќе умее да работи со нив.За квалитетна здравствена услуга по европски нормативи и стандарди, потребно е да се има определен персонал, лекари, сестри, болничари, хигиеничари по број на пациенти кои ги згрижуваме“-рече Захариева.

20170831_123029-800x600

Таа информираше дека се потребни и општи лекари за дежурства во ургентната амбуланта. На физикална терапија има само еден доктор, со оглед на старосната структура има лекари кои набргу треба да заминат во пензија, а за нов специјалист потребни се пет години.Потребни се дваесет ургентни специјализации кои болницата ќе ги бара од Министерството за здравство, но не во овој изборен период.

„Имаме 660 вработени во кумановската болница, но сепак има недостиг од медицински персонал. Има невработени лекари кои претходно се интересирале за вработување, но ова е предизборен период. Се надевам дека ќе дојдат во поголем број и ќе изразат желба да работат во нашата болница, а се надевам дека и Министерството за здравство ќе ни излезе во пресрет со распишување на ургентно потребните специјализации“- изјави Захариева.

Иако, има интерес кај лекарите за специјализација , обично е насочен кон исти специјализации.На пример, најголем интерес лекарите пројавуваат за специјализација по интерна медицина, хирургија и гинекологија.Воопшто последиве години немало интерес за специјализација по анестезиологија, иако таа гранка во Европа е многу ценета, нема интерес ниту за специјализација по инфективни болести, оддел каде навистина има работа, дежурства, проток на пациенти, а таму се потребни минимум четири специјализации, со оглед на старосната структура на тамошните лекари.

Болницата склучува договори со десетина лекари кои доаѓаат од скопските клиники за помош, но и покрај тоа, оваа бројка е мала за покривање на потребите на пациентите во североисточниот регион.Менаџерскиот тим остварил средба со ресорниот министер, проблемот е предочен, и оттаму се свесни дека има вистинска потреба од нови лекари.

„Специјализации и претходно биле давани, но требало да се напарви план за специјализации, поединчено за секоја здравствена установа“-додава Захариева.

Болницата има потреба и од стручно обучен среден медицински персонал, минимм 50 медицински сестри и тоа во најскоро време, бидејќи ќе треба да се обучат од веќе искусните сестри, а за одредени гранки и во одредени одделенија каде се работи со специфична апаратура е потребна и дополителна доедукација, не само средно медицинско образование.Дел од овие сестри ќе одат на доедукација и на клиниките во Скопје за стручно усовршување.

„Колку подобро сме екипирани толку е подобар и квалитетот на здравствената услуга. Со една добра стимулација ќе успееме да задржиме професионален кадар во болницата“- додава Захариева.

Од болницата се надеваат дека одговорните ќе им излезат во пресрет.Неодамна и заменикот министер за здравство, Гоце Чакаровски од Куманово изјави дека по локалните избори, овој проблем ќе се надмине со распишување конкурс и вработување на невработени лекари.

kumanovska-bolnica-800x600

„Работиме во Министерството за здравство и на тој проблем, кадарот не е проблем само во Куманово, кадарот е проблем во цела Македонија. Со исклучок на Скопје сите други градови се соочуваат со недостиг на лекари, медицински сестри и останат помошен здравствен персонал. Мислам дека има околу 400 невработени лекари во Македонија и дека сите ќе си најдат свое место, меѓутоа треба да знаете дека специјалисти многу тешко се прават, дополнителна едукација треба четири пет години, а дојдовме до состојба кога многу млади лекари заминаа во странство. Тој тренд на заминување на младите лекари треба да го спречиме, со тоа што првин ќе ги вработиме, а потоа ќе им дадеме специјализации и ќе ги мотивираме да останат во Македонија да не заминуваат во странство“- изјави Чакаровски.

Проблемот со недостигот на лекарите се провлекува изминативе 15-тина години, а неговото решавање ќе значи подобра, брза и ефикасна услуга за пациентите од североисточниот регион кои помош бараат во кумановската болница.