Нееднаков пристап: Ромите и здравствениот сектор

grafik2

Треба да се создадат услови официјални здравствени, образовни и системи за вработување да бидат поотворени кон Ромите. Но, како поитна препорака е потребата некои прашања, како на пример, здравственото образование, вакцинацијата за децата и репродуктивното здравје да се истакнат што е можно најбрзо.

 

Ромите се со послабо здравје од општата популација. Иако не сакаат да признаат, тие со болестите се соочуваат дури откако ќе напреднат. Мнозинството од нив нема пристап до здравствените услуги, низок е степенот на вакцинирани деца, а се намалува финансиската моќ да плаќаат за здравствените услуги. Ова се дел од резултатите од истражувањето на УНДП, Светската здравствена организација и на Европската комисија – регионално истражување во 12 земји од Централна и Југоисточна Европа. Истражувањето се спроведуваше во текот на 2011 година.

Различни студии покажале дека Ромите имаат послабо здравје за разлика од општата популација во земјите од Централна и од Југоисточна Европа, земји во кои тие се најбројни. А, истражувањето покажало ограничен пристап до здравствено осигурување, низок процент на вакцинација кај децата, тежок пристап до медицинските услуги од физичка природа, а загрижувачко било и нивото на достапност на здравствените услуги.

Истражувањето исто така посочило дека Ромите се соочуваат со фактот дека имаат здравствени проблеми откога болестите ќе станат акутни, најчесто во подоцнежните години.

Комбинација на социо-економските услови во кои што тие живеат, најмногу поради социјалната изолација на Ромите во општествата во кои што тие живеат (посебно во образовниот систем и формалните пазари на труд), како и нездравиот начин на живот, главно се причините заради таквата нивна здравствена состојба.

Перцепција за здравствениот статус. Иако Ромите генерално имаат позитивен поглед на нивното здравје, сепак во истражувањето се забележува  дека тие пријавуваат поголем број на итни медицински посети и веројатно сé повеќе страдаат од разни недостатоци и зависности. Тоа може да се објасни со нискиот пристап на ромските домаќинства до здравствените услуги.

Здравствена заштита на мајки и деца. Зачестеноста на небезбедни породувања и породувања без соодветна медицинска контрола, надвор од болници, кај Ромите и кај не-Ромите биле посебно високи во Србија, Македонија и во Босна и Херцеговина. Истражувањето, исто така, посочува на значајни разлики во степенот на вакцинација кај децата.

Причини за неповолната здравствена ситуација кај Ромите. Социо-економските услови, посебно вработувањето и образовниот статус имаат големо влијание врз здравствените услови меѓу ромската популација. Истражувањето покажа дека во овие земји, пристапот до здравствени услуги се намалил значително не само за Ромите, туку и за мнозинската популација. Од 2008 година, приходот на домаќинствата, како и потрошувачката моќ во овие земји е во стагнација, многу луѓе се без работа, а бројот на невработени расте. Сето ова покренува прашања за можноста во иднина да си ги обезбедат основните социо-економски потреби и следствено, да ја подобрат здравствената состојба.

Заклучоци и препораки. Резултатите од истражувањето во 2011 година покажуваат дека има низа пречки. Разликите од држава во држава се поголеми отколку разликите помеѓу Ромите и не-Ромите.

Една од препораките е да се создадат услови институциите (здравствени, образовни, агенциите за вработување) да бидат поотворени за Ромите и да бидат посвесни за нивните проблеми. Но, како поитна препорака е потребата некои прашања, како на пример, здравственото образование, вакцинацијата за децата и репродуктивното здравје да се истакнат што е можно најбрзо.

Од земјите опфатени во истражувањето, посочено е дека Албанија, Бугарија, Молдавија и Романија во 2011 година се соочиле со важни предизвици за подобрување на пристапот до здравството, општо. Не само за Ромите.

Повеќе за истражувањето: http://europeandcis.undp.org/blog/2013/02/15/research-roma-and-inclusive-national-health-care-systems/

и на:

http://europeandcis.undp.org/ourwork/roma/show/A40774B7-F203-1EE9-B5BE1384077AB8B5

 

 

3,698 Comments