Нема пријавен случај на дискриминација за повредени антенатални услуги

photo2

До јуни годинава биле поднесени вкупно три претставки по основ етничка припадност – Роми од областа на социјалната сигурност, вклучувајќи го подрачјето на социјална заштита, пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и здравствена заштита

 

До Комисијата за заштита од дискриминација до јуни годинава биле поднесени вкупно три претставки по основ етничка припадност – Роми од областа на социјалната сигурност, вклучувајќи го подрачјето на социјална заштита, пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и здравствена заштита. Но, како што дознаваме, нема ниту една претставка за дискриминаторски однос кон жени од областа на антенаталната заштита, загрозување на нивните здравствени права и слично.

Едниот случај каде е пријавено дискриминаторски однос е од клиниката за уво, грло и за нос. Пријавениот случај се заснова на дискриминаторски однос од страна на персоналот заради изгледот, бојата на кожата и националноста. Но, во мислењето за овој случај стои дека заради непостоење доволно докази за дискриминација, не може да се утврди дека е направена. Во друг случај, запрена е претставка зашто во текот на постапката била отстранета повредата. А, случајот се однесувал на поднесена жалба дека имало дискриминаторски однос од страна на Клиниката за психијатрија, повторно заради изгледот, бојата на кожата и националноста. Но, постапката за утврдување на дискриминација се прекинала бидејќи пациентот бил промен на клиниката на лекување. И трет случај – Комисијата не постапива по претставка за сискриминација зашто поминал рокот од денот на повредата. Инаку, рокот за пријавување на дискриминација до Комисијата е три месеци. Се работи за пациент на Институтот за белодробни заболувања. Но, поради тоа што не се следени процедурите, не е покрената постапка за докажување на дискриминација.

2,866 Comments