Ние градиме мост со традиционалното општество

IMG_6711-feat

Лоде Драелантс, директор на Меѓународниот Комитет од Белгија

ЕДНО Во секцијата за Вас на веб-страната на вашата организација пишува: „Ние сакаме да ги засилиме имигрантските организации преку стимулирање на нивната независност.” Може ли да ми кажете како го постигнувате ова? Може ли да наведете примери? Дали им помагате да најдат работа на пример?

 Па, замислете дека сте родени во фармерска фамилија во Судан. На 30 години ја напуштате земјата со вашата жена и деца, поради долгата граѓанска војна и насилство од владата на сопствената популација во Картоум. По трауматично патување пристигнувате во Белгија во забрзано, постмодерно општество. Не можете да се снајдете, не го зборувате јазикот, не познавате никого, дури и азбуката е различна. Во првите години запознавате други бегалци од Судан. По некое време се обидувате да се среќавате редовно. Многу е полесно да се учи еден од друг и добро е чувството кога зборуваш со некого кој може навистина да те разбере. Групата се зголемува на 50 луѓе и тоа создава тешкотии од типот „каде да се среќавате“ или „што значи оваа група за заедницата?“ или „како да им помогнеме на нашите деца да бидат подобри на училиште“. Како водач на заедница се соочувате со овие и други прашања. Многу се очекува од вас, а вие не знаете како да се справите со сето тоа. Сакате да направите нешто за вашата заедница, но не знаете како…

Меѓународниот Комитет им помага на овие „само-организации“ на етничките малцинства во Фландерс и Брисел, Белгија. Како социјално-културна организација подржуваме околу 250 организации, кои се многу различни една од друга. Овие заедници се од различни националности, етничка припадност, култура и јазик. Некои од нив добро се снаоѓаат во новиот живот, но другите се борат. Некои имале добро образование, некои се неписмени итн. Поддршката што ја нудиме често е „наменска“ за потребите и прашањата на тие организации, бидејќи тие потреби се различни исто така. Ние пробуваме да работиме и им помагаме на водачите на заедниците. Ние остваруваме долготрајни врски со лидерите и со заедниците на кои им недостигаат основни алатки да бидат успешни во општеството. Додека на некои од нив им е потребна само мала помош да најдат место за средби или да организираат собирање, на други им е потребна понеопходна помош во образованието, наоѓање (добра) работа, здравство итн. Но нашата најважна цел е да ги направиме овие волонтери и заедници понезависни. Тие треба да можат да си помогнат самите.

Дел од работата е да им помогнеме да се поврзат до традиционалното општество, но и со другите заедници на имигранти. Цврсто сме убедени дека цврста врска со општеството овозможува подобри шанси отколку живеењето на различни „острови“. Научивме да бидеме многу добри во поврзувањето.

ЕДНО Како белгиското општество ги прифаќа имигрантите?

Во педесетите и шеесетите повеќето западноевропски земји активно ги охрабруваа луѓето да се доселат во овој дел од светот бидејќи имаше голема побарувачка за работници во растечката индустрија. Првите имигранти дојдоа од јужна Европа: Италија, Португалија, Грција и Шпанија. Подоцна белгиската влада повика голема група на луѓе од земји како Турција и Мароко. Најпрвин овие луѓе беа добро прифатени како „гости-работници“. Во осумдесетите мислењето почна да се менува, бидејќи стапките на невработеност се зголемија по неколку економски кризи. Луѓето почнаа да гледаат на имигрантите понегативно бидејќи стана јасно дека тие остануваат тука. Десно ориентираните политички партии додадоа на овие негативни погледи. Денес јавното мислење е поделено, но се забележува генерално движење кон помала отвореност и поголема нетолеранција. Дискриминацијата кон имигрантите, дури и кон бегалците станува речиси нормална. Особено на муслиманските заедници се гледа како на некои кои не можат и не сакаат да се интегрираат во општеството и како и на многу други места во светот по авионскиот напад на 11 Септември дури и поврзани со судир на култури/религии.

Образовниот систем во Фландерс се смета за еден од најдобрите во светот, но ние исто така сме рекордери и во најголемиот раздор во образованието меѓу имигрантите и родените Фламанци. Ова може да се толува како „невозможно“ на пазарот на трудот, високоризично за структурната сиромаштија, поголеми проблеми во здравството итн.

ЕДНО Меѓународниот Комитет е една од 14 национални федерации на имигрантски организации. Каде се наоѓаат другите организации?

 Па, ова можеби ќе звучи чудно но сите овие организации (федерации) се наоѓаат во северниот дел од земјата, во Фландерс. Ова има врска со поддршката што ја добиваме од Фламанската влада (францускиот дел од земјата не го практикува ова). Работиме заедно, често и во истите градови и региони, бидејќи имаме различни целни групи. Меѓународниот Комитет (МК) е најголемата „федерација“ во Фландерс но е различна на други начини. Иако другите федерации, во суштина, биле формирани за една етничка заедница, националнист или религија, МК отсекогаш бил мулти-етнички. Отсекогаш сме биле отворени за сите култури, јазици и религии. Исто така МК е во склоп на „Христијанската Работничка Унија“, една од најголемите и најмоќни организации на граѓанското општество во Белгија, кои прават нашиот глас да биде слушнат.

 

Во оваа работа 1+1 е 3

 

ЕДНО Зошто го правите она што го правите?

Јас првично бев примен како социјален помошник. Отсекогаш бев фасциниран од групната динамика. Во група 1+1 станува 3. Трикот во оваа работа е да се искористи оваа динамика и да се претвори во позитивна сила со која луѓето им помагаат на другите да напредуваат во општеството, чекор по чекор. Повеќето од кадарот и волонтерите се многу посветени на работата која ја работиме. Одлично е да се работи во таква атмосфера.

Исто така убеден сум дека начинот на кој сме способни да се справиме со имиграцијата ќе ја одреди нашата иднина како општество. Ако не сме способни структурно да ги вградиме „новите Белгијци“ во нашето општество (во добро образование, работа, креирање политики…), ова ќе стане неподнослива пречка во нашиот општествен систем.

Од друга страна, имигрантите може да станат спасот на тој ист општествен систем, во земја во која популацијата рапидно старее. Само да ви дадам пример: владините агенции предвидуваат дека во следните 10 години ќе останат 500 000 слободни работни места во Белгија, само поради пензионирање. Проблем е што повеќето од овие работни места бараат високо образовани и вешти работници…

ЕДНО Која е најголемата пречка во вашата работа, ако има таква?

Се соочуваме со неколку предизвици на операционо ниво. МК во нејзиниот вид е релативно „млада“ организација, а растевме многу брзо во изминативе 5 години, од 70 групи во 2006 до 250 денес. За три пати го зголемивме нашиот кадар на осумнаесет и ја проширивме нашата работа во другите провинции во земјава. Сето ова е добро, но исто така ни даде „растечки планови“ со кои сéуште пробуваме да се справиме (во комуникација, администрација…)

Освен тоа, често се бориме со предрасудите кон имигрантите и другите култури општо.

ЕДНО Може ли да ми кажете повеќе статистички информации за вашата работа – бројот на имигранти со кои работите на годишно ниво, колку долго постои организацијата, од кои земји доаѓаат имигрантите итн. Соработувате ли со белгиските власти и како?

МК беше основан од волонтери во 1984 во рударските градови во источен Фландерс. Денес имаме 250 организации, секоја со од 10 до 200 членови! Вкупно работиме со околу 1000 локални волонтери и околу 10 000 имигранти! И сéуште растеме.

Фламанската влада субвенционира непартиcки и граѓански организации како МК. Работата која ја работиме од донесувачите на политики се смета за важна за градењето демократско општество каде граѓаните и граѓанските организации играат активна улога. Кога овие „средни“ организации се доволно силни тие може да бидат противтежа која ги балансира нееднаквостите во општеството. Често работиме заедно со локалните и регионалните влади за да ги засилиме луѓето.
[galleryview id=5]

254 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published.