НРЦ со експертска анализа за превентивните здравствени услуги во РМ

Соопштение за јавност

 

Анализа на состојбата со превентивните здравствени услуги во земјата, кои ќе фунционираат во пракса и ќе бидат искористени од Ромките и од сите жени што од кои било причини се наоѓаат во ранлива позиција. Ова беше фокусот на тимот експерти од областа на здравството кој што Националниот Ромски Центар од Куманово го координираше во изминатата година во рамки на проектот „Преку засилен глас до подобри здравствени услуги – продолжение”. Експертскиот тим до Владата на Република Македонија даде специфични препораки за создавање таргетирани интервенции за намалување на нееднаквостите во пристапот до антенатална заштита.

Првата специфична препорака е заедничко планирање, односно при осмислувањето на таргетирани интервенции, потребно е да се инволвираат и сериозно да се разгледаат ставовите на сите засегнати страни: корисниците и граѓанскиот сектор, институциите кои директно ги имплементираат програмите, контролните институции итн. Потребно е да се изготви алгоритам на активноста, со анализа на можните пречки во реализацијата што би овозможило нивно навремено надминување. Усогласување на прописите. При осмислувањето на интервенциите неопходно е нивно усогласување во сите аспекти со останатите акти (програми, препораки, упатства и сл.) од дадената област.

Дефинирање на целната група. При осмислувањето на интервенциите неопходно е прецизно дефинирање на целната група на програмите и начинот на квалификување на лицата за одредена интервенција. Ова е значајно, не само за обезбедување на отчет кон корисниците на програмите, туку и за правна заштита на институциите кои треба нив да ги имплементираат.Неопходно е следење и оценување на имплементацијата на програмите, не само по нивното завршување, туку и во текот на нивната реализација. Следењето да се извршува не само од страна на институцијата која е носител на програмата (во случајов Министерството за здравство), туку по можност и од страна на независни тела, сочинети од професионалци, како и од претставници на целните групи и граѓанскиот сектор.

Позитивни практики. При креирањето и имплементацијата на таргетирани програми, да се следат позитивните практики од други јавно-здравствени програми, кои веќе подолго време функционираат со цел ослободување од обврската за плаќање партиципација за одредени категории осигуреници. Во Програмата за партиципација при користењето на здравствена заштита на одделни заболувања на граѓаните и здравствена заштита на родилките и доенчињата во Република Македонија, да се обезбедат средства за покривање на трошоците на болничко лекување во случај на патолошка бременост на бремените жени од социјално ранливите групи, вклучително Ромки.

Да се спроведе ефикасен начин за едукација на осигуреничките во поглед на нивните здравствени права, со посебен акцент на финансискиот аспект и учеството со лични средства (партиципација) во износот на здравствената услуга. Да се спроведе сериозно, методолошки издржано истражување на степенот на кршење на правата на жените во користењето на антенатална здравствена заштита, со посебен акцент на трошоците кои истите ги имаат и учеството со сопствени средства (партиципација) во износот на здравствената услуга.

Анализата е само надоврзување на долгогодишното застапување на Националниот Ромски Центар за бесплатна антенатална заштита со цел да се превенира мајчината и доеничка смртност во земјата кое застапување бележи успех по усвојувањето на иоваа идеја од страна на Владата. Така, нашата идеја ќе почне да се имплементира од први декември годинава од кога бремените жени кои имаат здравствено осигурување ќе имаат право на бесплатни гинеколошки и микробиолошки прегледи и биохемиски анализи. А, од јануари 2016 година, бремените жени, кои немаат здравствено осигурување, ќе бидат целосно ослободени од сите прегледи и партиципации кај гинеколог и породување.

Проектот „Преку засилен глас до подобри здравствени услуги – продолжение” е финансиран од Фондација Институт Отворено Општество Македонија.

 

За повеќе информации Ве молиме контактирајте ја:

Себихана Скендеровска, раководител на здравствената програма во НРЦ

електронска пошта: skenderovska@nationalromacentrum.org

Интернет страница на Национален Ромски Центар: www.nationalromacentrum.org

 

Leave a Reply