Објавен нов оглас за здравствени медијатори

medijaotri2

Средното медицинско училиште на град Скопје „Панче Караѓозовˮ објави оглас за обука на 17 кандидати за ромски здравствени медијатори.

 

Средното медицинско училиште на град Скопје „Панче Караѓозовˮ објави оглас за обука на 17 кандидати за ромски здравствени медијатори. Обуката ќе трае два месеци и ќе почне да се реализира од овој месец, односно од јуни 2013 година. Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати, според огласот, е до 17 јуни, односно до понеделник.

Во огласот пишува дека се охрабруваат кандидати од општините Тетово, Скопје, Куманово, Делчево, Кичево и Битола да аплицираат на овој оглас. За кандидатите што ќе доаѓаат од други градови надвор од Скопје (освен Куманово и Тетово) ќе им биде обезбедено бесплатно интернатско сместување.

Согласно огласот, кандидатите треба да исполнуваат неколку услови доколку сакаат успешно да поминат на огласот. Тие треба да имаат завршено средно четиригодишно образование, со тоа што предност ќе имаат кандидатите со здравствена струка и други сродни струки. Да го познаваат македонскиот јазик и јазикот кој се говори во ромската заедница во местото на живеење. Потребни се комуникациски вештини. Според критериумите дадени во огласот, нема ограничувања во однос на полот и на возраста на кандидатите, а предност ќе имаат припадничките на ромската заедница. Потоа, кандидатите треба да покажуваат интерес во сферата на здравствената и на социјалната заштита, да бидат дел од заедницата во која што ќе работат или да бидат прифатени од заедницата во која ќе работат. Предност ќе имаат претставници на ромски невладини организации кои имаат искуство на терен и кои веќе работат на такви активности.

Диплома за завршено средно четиригодишно образование (и тоа во оригинал) или копија заверена на нотар, уверение за државјанство на Република Македонија и препорака од невладината организација од местото на живеење се потребните документи кои што заинтересираните кандидати ќе треба да ги поднесат. Тие ќе треба да се поднесат или во архивата на училиштето или да се испратат по пошта на адреса ул.50-та дивизија бр.2А, Скопје.

Обуката за здравствени медијатори е во согласнот со целите на Стратегијата за Ромите во Република Македонија и на Националните Акциски Планови за четирите приоритетни области од Декадата за вклучување на Ромите 2005 – 2015 година и наставната програма за обука за занимањето ромски здравствени медијатори, одобрена од Министерството за образование и наука. 

350 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published.