Основни права: предизвици и достигнувања во 2013

fra

Извештај на Европската Агенција за основни човекови права

 

Извештајот на Европската Агенција за основни човекови права за 2013 година се осврнува на основните човекови права поврзани со случувањата со азил, имиграцијата и интеграцијата, контролата на границите и визната политика. Исто така и на информатичкото општество, почитувањето на приватноста и заштитата на податоци, правата на децата и заштита на децата, еднаквоста и недискриминацијата, расизмот, ксенофобијата и другите слични нетолерантности, пристап до правда и правна соработка, прaвата на жртви на криминал, како и обврски и одговорности на земјите – членки на ЕУ и на меѓународното право.

Како одговор на тоа, ЕУ заокружи серија на важни правни реформи, посебно во делот на азилот, додека земјите – членки работеа на вградување на ЕУ директивата жртвите во националните закони и продолжија да ги спроведуваат нивните национални стратегии за интеграција на Ромите. Сепак, новите закони на хартија не значи дека ги променија работите на терен, во пракса. Мерките спроведени поради економската криза во Европа покрена некои загрижувачки основни човекови права. Тоа што се појави огромна разлика помеѓу правото и практиката ги загрижи набљудувачите на човекови права, посебно во однос на политиката за азил, ромската интеграција и правата на децата и на жртвите.

Извештајот за 2013 година има и две нови поглавја, едно за ромската интеграција, проследено во линија со националните стратегии за интеграција на Ромите и второто – за Повелбата за основни човекови права на Европската Унија, со посебен осврт на неговата примена пред националните судови, како што впрочем се приближува 50-годишнината од донесувањето на Повелбата како обврзувачки документ.

Годишниот извештај за 2013 година во целост може да го најдете на следниот линк:

http://fra.europa.eu/en/publication/2014/fundamental-rights-challenges-and-achievements-2013

 

1,734 Comments