Патролирање на улиците со унгарската ромска полиција

Patrouille, police, sécurité, Saint-Brieuc, rue Saint-Guillaume
Patrouille, police, sécurité, Saint-Brieuc, rue Saint-Guillaume

Oд Гиорги Макула – Roma Initiatives Office, 3 јуни 2014 година

 

Роден сум во сиромашно семејство во централна Унгарија, во средина со малку можности. За среќа, од Фондацијата Отворено Општество бев финансиски поддржан за да можам да го завршам средното образование и да се стекнам со диплома. Ако тоа не го направев, не знам каде ќе бев денеска. На 21 годишна возраст се запишав на полициската акдемија во Будимпешта и веднаш се декларирав како Ром.

Некои од моите колеги исто така беа Роми, но јас бев единствениот кој што се декларираше како таков. Иако тоа повремено предизвикуваше некоја дистанца во одделот во кој што работев, јас никогаш немав посериозни проблеми. Напротив, некои од моите претпоставени ме почитуваа токму поради мојата самодоверба. За кратко време, стигнав до ранг на детектив.

За време на моите патроли околу Будимпешта забележав дека има еден ромски полицаец во осмата област и еден во деветтата и двете осиромашени области со голема ромска популација, но ниеден од нив не се знае меѓу себе. Како и да е, решив да воспоставам мрежа на поддршка за ромските полицајци така што станав ромски офицер за комуникации и да имам улога на контактна точка помеѓу полицијата и ромската заедница.

Понекогаш Ромите се плашат да зборуваат и не ѝ веруваат на полицијата поради претходните начини на однесување кон Ромите и дискриминацијата, така што имајќи некој кој ги разбира Ромите и нивниот идентитет може да им помогне да се чувствуваат покомотни. Дополнително, за другите Унгарци, тие може да го искористат комуникацискиот офицер за подобро да ги разберат Ромите и да сфатат зошто доаѓа до некои одредени проблеми.

Во 2005 година имав можност да патувам во САД, како учесник на програмата на Стејт Департментот за меѓунарната лидерска програма. Сфатив дека дискриминацијата и интеграциските прашања за Афро-американците во полицијата во 70-те години на минатиот век биле исти како во Унгарија денес и дека Националната полициска асоцијација на афро-американците може да служи како добар модел за FAERLEO.

Кога отидов во Британија, да се сретнам со моите колеги, бев вчудоневиден колку многу претставници на малцински групи има во британската полиција и тоа не само офицери, туку и поручници и капетани. Ги придружував во нивните патроли и учествував во различни тренинзи, концепт кој малку е присутен во Унгарија и сфатив дека има потенцијал за присуство и учество на малцинските групи во полициските сили во Унгарија.

Мојата задача не беше лесна. Да зборувам за раса и за етничка припадност сѐ уште е табу тема во Унгарија. Бевме критикувани поради основањето на нашата организација. Луѓето беа обвинети за сегрегација, но, всушност ние повеќе бевме како клуб или како унија. Секој кој што е во полициските сили може да ни се придружи. А, имаме и многу не-ромски членови. Легислативата за заштита на податоците значи дека не може да бидеме сигурни колку ромски полицајци има, но, се надеваме дека повеќе ќе бидат инспирирани и охрабрени да ни се приклучат.

Како дополнување на симболичната сила, тоа што сум полицаец исто така претставува успешна професија: имате сигурна работа, здравствено осигурување и можност да земете кредит за да купите куќа – ова се сите работи кои што се далеку од дофат на повеќето Роми. Но, главно, за унгарските жители да видат ромски полицајци кои што патролираат и брзо реагираат на криминални случаи, тоа испраќа многу моќна порака дека не сите Роми се криминалци. Ние исто така сакаме да бидеме безбедни и да помогнеме во зачувувањето на безбедноста на сите Унгарци.

Посетителите од другите земји во Источна Европа може да го посведочат ова и да ја сменат нивната перцепција кон Унгарија и кон Ромите. Во меѓувреме, FEARELO продолжува да ги шири своите врски со други полициски сили и со други ромски комуникациски офицери низ цела Европа, со надеж на воспоставување на подобри стандарди и вистинска полициска заедница.

 

Оригиналниот текст може да го најдете на слениот линк:

http://www.opensocietyfoundations.org/voices/patrolling-streets-hungarys-roma-police

 

 

 

176 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published.