Tренинг за постигнување на поголема еднаквост во здравството за Ромите

who

Работна група од Поранешна Југословенска Република Македонија

 

Фотографија: WHO

Носителите на одлуки за јавно здравство, експерти и ромски претставници на здруженија од Бугарија, Црна Гора, Србија и Поранешна Југословенска Република Македонија, се собраа во Скопје на 11 – 14 март 2013 година за да учествуваат во тренингот за повеќе држави, за тоа како да ги преориентираат стратегиите, програмите и активностите поврзани со Милениумските Цели за Развој (МЦР) 4 и 5 кон поголема еднаквост во здравството со експлицитен, но не ексклузивен фокус на ромската популација.

Во подготовка за тренингот во Скопје, се одржа пилот сесија тренирај-го-тренерот на 7-8 ноември 2012 во Белград, Србија, проследено со средби во земјите во јануари и февруари 2013 година.

Подобрување на здравјето на социјално исклучени групи

„Не е можно да се постигне еднаквост во здравството без да се подобрат условите за живеење на социјалните групи кои се соочуваат со сиромаштија и социјална исклученост. Една од овие групи во Европа се Ромите. Условите во кои повеќето од нив живеат сериозно влијае на нивното здравје, како и постојаните нееднаквости помеѓу Ромите и мнозинствата,  вклучувајќи го и пристапот до здравствена грижа. Фактите покажуваат дека социјално исклучените заедници (вклучувајќи ги и Ромите) заостануваат во повеќето области на МЦР, не само во областа на мајчиното и здравјето на детето (МЦР 4 и 5),” рече Др. Piroska Östlin, менаџер на WHO/Европска Програма за Ранливост и Здравје.

На тренингот учесниците научија како да употребуваат практичен алат кој се состои од методолошки водич развиен од шпанското Министерство за Здравство, Социјални Служби и Еднаквост, за ефективна интеграција на еднаквост со специфични акции поврзани со детето и мајчиното здравје.

Учесниците имаа можност да дискутираат со Andreas Tsolakis од Fundaciόn Secretariado Gitano од Шпанија, неодамна објавениот извештај на Европската Комисија „Што е потребно за инклузија на Ромите во Европската Унија – политики и модели на пристап”, да ја посетат најголемата ромска заедница во Европа – Шуто Оризари.

Креирање на политики за да се допре до социјално исклучените групи

„Овој тренинг им обезбеди добра можност на учесниците Роми да научат заедно со другите учесници за тоа како да креираат програми кои ќе им бидат од корист на Ромите и на другите групи кои се соочуваат со нееднаквост. Работењето во овој контекст овозможува неслушнатата популација да ги сруши бариерите создадени од предрасуди и да ја изнесе на виделина тешката ситуација со која секојдневно се соочуваат социјално исклучените групи како последица на дискриминација и нееднаква дистрибуција на социјалните детерминанти на здравјето,” рече Себихана Скендеровска, претставник од Националниот ромски центар од Поранешна Југословенска Република Македонија.

Интерагенциска координациска иницијатива за подобрување на здравјето на деца и мајки

Тренингот беше организиран и фасцилитиран од WHO/Европа во соработка со Интеруниверзитетскиот Институт за Социјален Развој и Мир, Универзитетот од Аликанте (WHO Соработувачки Центар за Социјална Инклузија и Здравје) и шпанското министерство за Здравство, Социјални служби и Еднаквост. Беше организиран во контекстот на интерагенциска координациска иницијатива „Скалирање на акција кон Милениумските Цели за Развој 4 и 5 во контекстот на Декадата на Инклузија на Ромите и во поддршка на Националните Стратегии за Интеграција на Ромите”. WHO ја фасцилитира оваа иницијатива, која го вклучува Фондот за Население на Обединетите Нации (UNFPA), Канцеларијата на Високиот Комесар за Човекови Права (OHCHR), Програмата за Развој на Обединетите Нации (UNDP), Фондот за Деца на Обединети Нации (UNICEF) и Интернационалната Организација за Миграција (IOM).

 

Извор:

 

http://www.euro.who.int/en/where-we-work/member-states/the-former-yugoslav-republic-of-macedonia/sections/news/2013/03/the-former-yugoslav-republic-of-macedonia-hosts-multi-country-training-on-how-to-achieve-greater-health-equity-for-roma

4,860 Comments