Почна да функционира електронската мајчина книшка

majcinakniska-fut

Во книшката има податоци за здравствената состојба на бремената жена и плодот, односно податоци за текот на бременоста, породувањето и за здравствената состојба на новороденчето.

 

Министерството за здравство ја воведе електронската мајчина книшка, која е достапна во „мој термин“ и ја пополнуваат сите матични гинеколози во државава. Податоците од книшката може да ги користи матичниот гинеколог, како и сите гинеколози во породилиштата во Македонија, најави на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров.

Во прво време, електронската мајчина книшка ќе функционира заедно со хартиената, а подоцна ќе се оди само на електронската верзија од која податоците се добиваат во реално време и се чуваат во централен сервер со што шансите за нивно губење се мали.

– Целта на воведувањето на електронската матична книшка е прецизно следење и контрола на бременоста во целиот нејзин тек и заштита на здравјето на мајката и новороденчето, како и дополнително намалување на majcina-kniskaздравствените ризици, предвременото породување и раѓањето на деца со аномалии поради нередовното одење на препорачаните контролни прегледи. Во неа се евидентираат сите прегледи и утврдени резултати од прегледите на бремената жена, како и детални податоци за породување и за новороденчето. Со тоа ќе се овозможи на докторот кој првпат ја прегледува бремената жена веднаш да ги добие сите податоци за било кој период од бременоста што е од исклучително значење за соодветна проценка на здрвствената состојба.

Електронската мајчина книшка претставува база на податоци кои можат да послужат за надополнување на здравствената статистика и за креирање на здравствени политики и додаде дека со нејзиното воведување Министерството за здравство ќе ги има сите податоци во реално време за бројот и здравствената состојба на бремените жени и нивното одење на прегледите. По потреба, истакна, ќе можеме да ги повикуваме оние трудници кои не ги направиле одредените прегледи.

– На овој начин имаме детален и прецизен регистар за бремените жени во целата држава и со тоа овозможуваме докторите во реално време да ги добиваат податоците за задравствената состојба на трудницата. Сите 142 матични гинеколози во државата добија упатство за начинот на пополнување и водење на електронската матична книшка која ги содржи истите податоци како и печатената книшка која е адаптирана во 2012 година согласно Упатството за водење здрава бременост.

Министерот за здравство истакна дека во книшката има податоци за здравствената состојба на бремената жена и плодот, односно податоци за текот на бременоста, породувањето и за здравствената состојба на новороденчето.

Податоците за бремената жена, прецизира, опфаќаат крвна група, RH фактор, лична гинеколошка и репродуктивна анамнеза, како и податоци за серолошки анализи и извршени ултразвучни прегледи. Во делот за породување се евидентира типот на породување и евентуални компликации при породувањето и постпородилниот тек. За новороденчето се евидентира родилната тежина, должина, обем на глава и граден кош и податоци за примени вакцини кои се даваат во родилиштето. Покрај тоа, се евидентираат и показателите на загрозеност, односно состојби кај жената кои бараат дополнителна грижа во текот на бременоста како срцеви и бубрежни болести, ендокрини нарушувања и други нарушувања како недоносеност, вродени аномалии, инфекции, деца родени во домашни услови кои понатаму ќе му помогнат на педијатарот во грижата за новороденчето.

http://zdravstvo.gov.mk/pochna-da-funkcionira-elektronskata-majchina-knishka/

2,281 Comments