Поддршка за Европска Стратегија за здравје на деца и адолесценти 2015-2020

ilust-reak

Изјава на ЕвропскатаАлијанса за јавно здравство на 64 седница на Регионалниот комитет на Светската Здравствена Организација за Европа , Копенхаген, 15 – 18 септември 2014 на Европската Стратегија за здравје на деца и адолесценти 2015 – 2020 (Точка 5c(i) во агенда)

 

Септември 2014

 

 

Дами и господа,

 

со задоволство сакаме да Ви ја претставиме изјавата од Европската Алијанса за Јавно Здравство (EPHA), поддржана од Eurochild, Конфедерацијата на семејни организации во Европската унија (COFACE), Националниот ромски центар и Европската алијанса за безбедност на детето.

 

Како сеопфатен пристап за постигнување добро здравје и благосостојба, раното справување со нееднаквостите во здравството и овозможувајќи му на секое дете најдобар почеток во животот, ние ја поздравуваме предложената Европска Стратегија за здравје на деца и адолесценти 2015 – 2020. Ги повикуваме европските министри за здравство да ја одобрат предложената рамка и да дадат приоритет на нејзиното спроведување.

 

Постигнување здрав и еднаков почеток, каде што ниедно дете нема да биде запоставено – е еден од најважните начини како да ја подготвиме нашата популација со алатки и вештини за одржување на здравјето и благосостојбата низ животот. Знаеме дека има добри мерки за целосна заштита и промоција на здравјето на детето и на адолесцентите во регионот, и базата на докази за акцијата е значително проширена. Многубројните податоци за моменталната економска криза и влијанието на мерките за штедење врз здравјето и благосостојбата треба да дадат мотивација за иновативни и амбициозни механизми за инвестирање во добросостојбата на сите луѓе кои живеат во Европа. Ние ги повикуваме министерствата да преземат конкретни чекори за да направат повеќе и подобро да го поддржат раниот детски развој. Да ги заштитат децата кои растат во сиромаштија преку решавање на социјални, економски, еколошки, биомедицински и комерцијални детерминанти на здравјето, притоа правејќи силен случај за доброто владеење на здравјето каде што најдобрите интереси на детето – вклучувајќи ги и оние од особено ранлива средина – се цврсто ставени во срцето на целосниот владин и општествен пристап кон креирање на политика достојна за 21 век.

 

Ги повикуваме министерствата цврсто да постават визија на оваа предложена стратегија, за да се постигне милениумска генерација која ќе биде слободна од пушење, каде повеќе иновативни и регулаторни политички интервенции ќе го најдат својот пат во владините разгледувања. Зголемувањето на цената на тутунот со зголемување на даноците е единствениот најефективен начин за намалување на потрошувачката, особено меѓу адолесцентите.

 

Поголеми графички слики и обична амбалажа ја намалуваат атрактивноста на пакувањата на тутунските продукти; силна промоција на јавни места каде е забрането пушењето ќе ѝ даде дополнителна заштита на детската популација од директна и индиректна изложеност на тутунскиот чад и ќе помогне да се денормализира употребата на тутун. Исто така, сличен пристап треба да има во реевалуацијата на националните стратегии посветени на промоција на здрав режим на исхрана и физичка активност, како и следење на напредокот на справувањето со потрошувачката на нездрава храна, пијалоци со многу шеќер и алкохол, и спречување на повреди.

 

Со целото срце се согласуваме дека децата и адолесцентите имаат право да бидат видени и чуени. Од друга страна, владите имаат обврска да ги видат и слушнат и да не ги игнорираат нивните полноважни здравствени и социјални искуства додека планираат и спроведуваат политики. Децата кои растат во институционална грижа, а потекнуваат од мигрантска или малцинска средина, се посебно невидливи и ранливи.

 

Им препорачуваме на земјите – членки подобро да се фокусираат на политики и проценки на квалитетот на здравствената заштита кои систематски се засновани на права и докази и кои се родово чувствителни спрема мајките, децата и адолесцентите, кои ќе обезбедат универзален пристап до здравствени услуги за мајките и децата. Ќе организираат, до целосен потенцијал, едноставни и економични јавни здравствени интервенции, како што е вакцинацијата, како и соодветна заштита од изложеност на насилство и малтретирање, експлоатација и повреди – досиеја кои веќе се со право на дневниот ред на друго место во агендата на овој 64 состанок на Регионалниот Комитет (Европскиот Акционен План за Вакцинација 2015 – 2020 и Стратегијата против Малтретирање на дете).

 

Ја изразуваме нашата благодарност за вашето внимание и постојаната посветеност кон сеопфатна стратегија за унапредување на здравјето и благосостојбата на децата и адолесцентите во Европа до 2020 година. Додека се постигне овој резултат, Ве молиме да бидете уверени во огромната поддршка и подготвеност дапомогнеме помеѓу граѓанските организации.

 

Ви благодариме.

 

2,716 Comments