Поддршка за уште позасилен глас

poddrska2

Пет невладини организации го поддржаа Националниот Ромски Центар и проектот „Преку засилен глас до подобри здравствени услуги” во намерата жените корисници на социјална парична помош, на возраст од 15 до 49 години да се ослободат од партиципативни трошоци за прегледи во рамки на антенаталната грижа, согласно национални клинички упатства како усогласени стандарди за антенатална заштита и следење на здравствениот статус на жените во бременост.

 

Проектот „Преку засилен глас до подобри здравствени услуги” и Националниот Ромски Центар (НРЦ) од Куманово нема да бидат сами во процесот на застапување на бесплатни антенатални услуги за жени со финансиски потешкотии во Република Македонија.

Организацијата воспостави соработка со партнерски организации кои се занимаваат со прашања од областа на здравството. Поддршка за нашиот проект дадоа Здружението за еманципација и еднаквост на жените во Република Македонија ЕСЕ од Скопје – http://www.esem.org.mk/, Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ од Скопје – http://www.sumnal.org/, Здружението на просветни работници и заштита на правата на жените и децата ЛИЛ од  Скопје, Ромска Организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С од Прилеп – http://www.romasosprilep.org/ и невладината организација КХАМ од Делчево – http://www.khamdelcevo.org.mk/index.php/mk/.

Со проектот „Преку засилен глас до подобри здравствени услуги” сакаме да им помогнеме на жените во Република Македонија кои што имаат финансиски потешкотии и кои не се во можност да платат за здравствените антенатални услуги. Тоа сакаме да го направиме

преку застапување во Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Фондот за здравствено осигурување на Македонија и другите државни тела задолжени за креирање и спроведување на здравствените политики во државата.

Во исто време, активностите ќе помогнат да се промовира еден подобрен пристап до здравствената заштита во Република Македонија и да се подигне свеста за нееднаквиот третман и недостиг на пристап до услугите. Целта на проектот е и да се промовира еднаквиот пристап до услугите за репродуктивно здравје за жените – Ромки.

Проектот се спроведува во Скопје, Куманово, Кочани, Штип, Битола и во Крива Паланка.

НРЦ контунуирано соработува со сите засегнати страни кои го третираат проблемот на антенатална заштита.

 

1,066 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published.