Подобри здравствени услуги за социјално загрозените жени

ТВ Орбис Битола
 
Социјално загрозената категорија на жени најчесто нема еднаков пристап до антенаталните услуги. Според статистиките во земјава, дури 50 % од нив се пораѓаат без да знаат кој им е RH факторот. Министерството за здравство минимално гарантира 10 прегледи за прворотка, а за жени кои раѓале повеќе пати, 7 прегледи.

Праксата говори дека социјално загрозените жени, најчесто Ромките, добиваат само 3. Затоа, проектот „Преку засилен глас до подобри здравствени услуги“ бара ослободување и од основните средства за партиципација, со цел на жените кои имаат финансиски проблеми и не се во можност да платат за истите, да им се овозможат основните пакети за преглед во перидото на бременост и за време на породувањето.

Испитувањето е спроведено во текот на 2011 и 2012 година врз жени од социјално загрозената категорија, претежно Ромки.

Што е всушност бесплатно во ваквиот вид на прегледи? Матичниот гинеколог не наплаќа за своите услуги, но за одредени испитувања кои се прават надвор од ординацијата, се плаќа одредена партиципација, односно за лабораториски прегледи на крв и урина, микробиолошки брис, како и одредени тестови. Во текот на бременоста, за минимален број прегледи кои се потребни за да се констатира здравствената состојба на мајката и бебето, потребни се околу 9060 денари. Сепак, барањата се едно, но реализацијата сосем друго. Дали овој проект ќе им овозможи бесплатни прегледи на социјално загрозените жени, останува да биде одобрено од страна на надлежните институции.

 

Leave a Reply