Политичарите од убави зборови да преминат во цврсти акции

ed-600x374

Граѓанското општество ги притиска тие што одлучуваат да преземат конкретни акции за да ги надминат здравствените нееднаквости. Граѓанските организации сметаат дека ЕУ лидерите не сакаат да слушаат, но оти сега е времето да се делува за да се намалат нееднаквостите во здравствената заштита помеѓу најбогатите и најсиромашните.

 

Разликите во животниот век кај мажите и кај жените се намалија во последната декада, најмногу заради намалувањето на доенечката смртност. Но, сѐ уште постојат значајни разлики помеѓу тоа колку долго луѓето живеат и колку од нив годините ги минуваат во здрав живот. Всушност, податоците покажале дека има двојно повеќе изгубени години во болести и во прерана смрт во сиромашните и во средно богатите земји отколку во богатите земји.

„Зошто некој мора да страда само затоа што тој или таа е роден/а и живее во погрешната страна на Европа?“ праша Џоан Винсент, генерален секретар на Европската алијанса за детска безбедност.

„Нееднаквостите во условите за живот може да се видат насекаде, дури и во побогатите општества. Земете ја за пример Белгија, каде Medicins du Monde известува дека денес, во 21 век, само 6% од децата Роми што живеат во Брисел, главниот град на Европа се вакцинирани. Повредите и несреќите создаваат уште поголема нееднаквост за детската здравствена заштита. И таа уште ќе се зголемува и ситуацијата ќе станува полоша”, додаде Винсент.

Овој повик на јавната здравствена заедница, граѓанскиот сектор и обичните луѓе е во остра спротивност во нивната итност на недостаток на доволно внимание за овие прашања во земјите – членки на Европската Унија. Со ова се покренаа сериозни дискусии за способноста на политичките лидери во ЕУ да слушаат и да се справат со тие прашања. И уште поважниот факт – кај луѓето што живеат во Европа постои последователна ерозија на довербата во Европа, во нејзините институции и лидерство.

„Ако сакаме да сме сериозни и да ја прекинеме оваа стагнација на затворање на неоправдани и превентивни јазови во здравствениот статус помеѓу најбогатите и нашите најсиромашни членови на општеството, сега е момент да се удри! Актуелната економска ситуација треба да биде можност за промена и цврста визија, не можност за неактивност и уште од истата игра”, рече Моника Косинска, генерален секретар на Европската Алијанса за Јавно Здравје (European Public Health Alliance  – EPHA).

„Знаеме што е причината за здравствените нееднаквости и мора да бараме од лидерството и посветеност од нашите политичари кои се во позиција да одлучуваат да преминат од убави зборови во цврсти акции, во добро владеење и инклузивен економски развој. Го знаеме проблемот, ги знаеме причините, но и решенијата – вистинското прашање е политичарите да го сторат тоа што треба!” заклучи Косинска.

Повеќе за ова може најдете тука: http://www.epha.org/a/5817

1,578 Comments