Помеѓу лошо и полошо – новата Комисија и социјалната инклузија на Ромите

valeriu_nicolae_foto_marian_iliescu_2_0

Социјалната инклузија на Ромите е долг, комплексен, скап и многу тежок процес.

 

Новата Комисија не може да продолжи да ги прави истите грешки како и претходната.

Бескорисните и скапи конференции, бомбастичните празни говори, обуките за позитивната страна на трошењето на парите што се на располагање и слабо осмислените проекти фокусирани на трошење на парите наместо на решавање на проблемите, не придонесоа за ништо. Освен, можеби за тоа што ги делегитимизираа напорите на Европската Комисија и земјите-членки и уште повеќе го ослабнаа и онака слабото ромско граѓанско општество.

Новиот состав на Комисијата има добра можност да направи повеќе од претходниот. Претседателот Јункер е најверојатно најискусниот политичар кога се во прашање долгорочни планови (речиси две декади како премиер), а покрај себе има многу прагматични комисионери со силни портфолија што можат да ја донесат долгоочекуваната промена.

Што треба да се случи:

а. Да се превземат силни институционални мерки што ќе го зголемат притисокот врз бирократите кои се „колебаат за Ромите” во Комисијата и во националните влади. Еве неколку предлози:

  1. Назначете силен ромски експерт во кабинетот на Јункер што нема да се фокусира на градење на долгогодишна кариера во Комисијата, туку ќе биде способен следните пет години да ги турка реформите во Европската Комисија и земјите-членки. Уште подобро, да се формира Ромска Фокусна Точка со многу нацонални ромски експерти предводена од почитувана јавна личност (поранешен претседател на Финска, поранешен комисионер за човекови права) под директен надзор од претседателот Јункер.

Ваквата мерка треба да ги засегне постоечките високи стимулации за само-честитање, украсените извештаи, избегнувањето на чувствителни прашања (како што се неконтролираниот антициганизам, корупција, злоупотреба на правата на децата, трговија со луѓе, ограничена граѓанска одговорност во рамките на мнозинското население и кај ромската популација кога станува збор за социјалната инклузија) во рамките на Европската Комисија и земјите-членки.

  1. Реформа на Ромската Единица – нејзината активност во рамките на претходната Комисија беше срамна.

Постојат некои добри и некои исклучителни експерти во рамките на Европската Комисија и Ромската Единица, но нивната стручност е направена бескорисна од претходниот висок и среден менаџмент. Консултациите со ромското граѓанско општество беа лошо осмислени и трансферот на експертизи од неколкуте ромски граѓански организации со јаки активности во основата на Комисијата беше неуспешен. Некои многу добри чекори превземени за време на мандатот на Владимир Шпидла беа игнорирани и треба итно да се ревидираат и изградат. Друго решение е можноста да се премести Ромската Единица под Генералниот директорат за регионална политика (најдобрите иницијативи до сега дојдоа од Генералниот директорат за регионална политика) или да се стави под надзор на генерален директор кој е силен и заинтересиран за ромските прашања. Може да помогне и враќање на посветени и прагматични експерти во Европската Комисија, како што се поранешниот заменик генерален директор Катарина Матеранова и поранешниот член на кабинетот на Шпидла, Јан Јараб.

Ромската Единица треба да биде загрижена за тоа што може/треба да направи Комисијата, за разлика од минатото кога се пренесуваше кривицата од неуспесите врз земјите-членки, ромското граѓанско општество, локалните администрации или некој друг. Антидискриминациската Единица треба да се соземе и да почне сериозно да делува против антициганизмот. Вложувајќи ги истите напори што беа потрошени за оправдување на неделувањето и некомпетентноста кога станува збор за расизмот против Ромите ќе заврши работа.

  1. Назначување на национални ромски експерти на Европската Комисија со задача да делуваат како врска помеѓу владите и Европската Комисија. Тие треба да соработуваат со претставништвата на Европската Комисија во земјите и да го олеснат дијалогот помеѓу владата, локалните администрации и оние што имаат искуство со работа во ромските заедници. Целта на овие назначувања е да се врши притисок врз земјите-членки за да усвојат политики, да подготват и имплементираат планови што ќе се однесуваат на сржта на проблемите, а не на површината на процесот за ромска инклузија.

Има голем број на луѓе во Европската Комисија што ја имаат потребната стручност кои би сакале да се вратат во своите земји и најдобро што можат да ги управуваат и мотивираат националните влади и ромското граѓанско општество да работат подобро и поефикасно заедно. Исто така има и добар број на ромски експерти на национално ниво, што ќе го поздрават ваквиот предизвик.

б. Земјите-членки треба да ја преземат одговорноста за социјалната инклузија на Ромите. Натерајте ги да платат за испраќањето на многу потребните експерти и осигурајте се дека овие експерти се овластени да излезат со решенија и истите да ги имплементираат.

На Европската Комисија итно и се потребни стручни луѓе. Постоечката мрежа на Контактни Точки е смешна и затоа и резултатите се смешни. Ова може да се смени со тоа што земјите-членки што се жалат за ромските прашања и оние кои имаат многубројна ромска популација ќе превземат одговорност и ќе помогнат да се пронајдат најдобрите решенија. Привлекувајќи луѓе со најдобра можна експертиза е првиот чекор за одење напред. Создавање на иновативен фонд администриран од совет на експерти и Европската Комисија фокусирана на поддржување на долгорочни пилот интервенции кај обичните луѓе е втората работа која треба да се заврши.

в. Фокус на обичните луѓе. Заедничкото на сите проблеми е што огромен дел од парите на ЕУ се трошат на нешта што немаат никакво влијание врз најранливите ромски заедници.

Треба да признаеме дека повеќето од парите потрошени од претходниот состав на Комисијата, како и ЕУ фондовите потрошени од земјите-членки се залудно потрошени. Фокусот треба да биде ставен на развивање на начини да се стимулираат ефикасни и оддржливи интервенции кај обичните луѓе.

Ништо од ова не е револуционерно. Слични работи се направени за да се адресираат важни прашања како дискриминација базирана на пол и инвалидитет. Имаше силна волја за справување со проблеми поврзани со полот и инвалидитетот. Тоа или серија на катастрофални кризи ќе предизвикаат промена во случајот со ромите. Добар дел од овој избор останува на новата Комисија и земјите-членки.

 

3,399 Comments