Портретите на Дурмиш Ќазим на изложба во Брисел

11111-800x600

Ќазим, уметник од Македонија кој живее во Белгија успеал да биде дел од изложба зашто добил можност за презентација на неговите дела преку бриселското Биро за вработување

 

Дурмиш Ќазим е триесегодишен дипломиран вајар од Македонија, кој веќе три години живее во Брисел, Белгија. Неодамна учествувал на групна изложба во овој европски центар наречена „Паркоур де артистес”, традиционална изложба, која се случува еднаш на две години. Во 2010 година завршил Факултет за ликовни уметности. Моментно работи на нарачки од дома. Работи портрети и скулптури. Уметноста за него, како што вели Дурмиш, е начин на живеење. Тој смета дека е роден да твори и да размислува концептуално.

ЕДНО  Како дојде до учество на изложбата?

ДУРМИШ ЌАЗИМ  До изложбата дојдов откако пред осум месеци добив престој за живеење во Белгија. Почнав да барам работа, а Бирото за вработување ме испрати на местото каде што живеам во Брисел, во културниот центар форест центрум култур. Таму ги презентирав моите ликовни творби и тие ме прифатија. И така почнав да се подготвувам за изложбата која што се случи од 16 мај до први јуни  2014 година во Брисел, поточно Сан-жил и Форест пласе сан дени 9 Б 1190. Нa  изложбата учествував со шест големи портети насликани со сув пастел, на тема „Портети на Роми – фацизам”.

ЕДНО  Што сликаш? Само портрети? Која техника користиш?

ДУРМИШ  Јас сум дипломиран вајар. Но, исто така и сликам. Тоа ми е голема опсесија. Сликам портрети и друго. Ја користам техниката сув пастел. Таа техника ми е во срцето. Едноставно ме исполнува.

ЕДНО  Што те инспирира?

ДУРМИШ  Ме инспирираат книги. Исто така, ме инспирира природата, природните форми, емоциите на луѓето коишто секојдневно ги среќавам.

ЕДНО  Дали како уметник си имал успех во Македонија?

ДУРМИШ  Моите успеси во Македонија се следниве – средно уметничко училиште „Лазар Личеноски” каде што почнав, па Факултетот за ликовни уметности во Скопје како многу квалитетни образовни институции, кои cе „виновни” за јас денес да сум тој којшто посакав да бидам.

ЕДНО  Има ли уште Роми уметници (сликари, скулптори, вајари) во Македонија и дали може да се стекне некаква слава во Македонија со оваа професија?

ДУРМИШ  Други уметници Роми мислам дека нема, а во Македонија да се биде славен е научна фантастика.

ЕДНО  А, во странство? Се стекнува ли полесно слава како уметник?

ДУРМИШ  И тука се битни некои фактори, пари, комуникациски вештини, добра харизма, упорност, знаење, бон тон итн. Се разбира, тука луѓето не ги интересира дали си Ром или друго. Добрата разлика сепак е тоа што ако во Македонија мојата изложба ја посетуваат 1.000 посетители, тука ќе ја посетат најмалку 10.000.

 

[galleryview id=27]

1,223 Comments